Очевидци на Клиниката за Онкологија посочија дека во 08:30 часот утрово полициски службеници со лисици на рацете изнеле еден од поранешните директори на Клиниката, објави Сител. Засега неофицијално, приведени се неколкумина, а меѓу нив е и поранешниот директор на Онкологија Нино Васев.
Фокус извести дека Васев е приведен во полициска станица по налог на обвинителката која го води предметот за кражба на цитостатици.
Последните информации говорат дека тој бил пронајден некаде низ клиниката и му било навестено дека е лишен од слобода.
Претреси се направени и кај Н.Н., и Е.Џ, а медиуми тврдат дека полицијата утрово влегла кај вкупно осум лица кои се опфатени во истрагата за злоупотреби во Клиниката за онкологија. Одземени се телефони, компјутери, документација.
Има и лица кои се недостапни за органите на прогонот.Полицијата не успеала да ги лоцира на адресите кои ги дало Обвинителството.