• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Таравари: По 24 години промените во албанскиот блок мора да се случат!

10/02/2024
A A
Таравари: По 24 години промените во албанскиот блок мора да се случат!

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вечерва од Гостивар порача дека по 24 години промените во албанскиот блок мора да се случат. Тоа, според него, е главната порака од партискиот собир под мотото „Промената започна“. Тој најави дека идната недела ќе се сретне со лидерите на опозициските партии од албанскиот блок за да дефинираат заедничка платформа.

„Сѐ уште немаме платформа со опозициските партии. Оваа недела јас сакам да го слушнам и народот во неколку градови. Затоа бевме и во Куманово. Кај луѓето има позитивна енергија. Следната недела може ќе се сретнам со претседателите од албанските опозициски партии, да седнеме да разговараме и да одлучиме кога би направиле официјална коалиција со некоја платформа,“ рече Таравари.

На прашањето дали ќе формира нова партија, по одлуката на Централното собрание да го разреши, Таравари вели дека партијата не е во ничија сопственост.

„Алијанса за Албанците, ако е сопственост нечија, нека излезе и нека рече оваа партија е моја, ја донесов од дома, ќе му ја однесеме и ќе му ја вратиме. Ама партијата е на гласачите, на членството, на луѓето кои ја поддржуваат. Ако некој смета дека е сопственост, нема проблем, ќе му ја однесеме дома“

вели Таравари.
Претходно на Централното собрание на Алијансата за Албанците кое се одржа во Скопје беше донесена одлука за разрешување на Таравари од претседателската позиција во партијата. Како што изјави претседателот на Централното собрание, Зијадин Села, одлуката била донесена со 106 гласа „за“, од вкупно 108 присутни.

„Како резултат и последица на оваа одлука, другата точка беше да се оди на конгрес, кој ќе се одржи на 18 февруари и ќе се одлучува за иницијативата која ја донесе Централното собрание на Алијансата за Албанците, а тоа е разрешување на претседателот на партијата Арбен Таравари, поради грубо кршење на статутот на партијата“,

рече Села.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници
Вести

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона
Вести

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство
Вести

Аргентина под истрага по масовната тепачка по финалето на Светското првенство

22/07/2026
Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени
Вести

Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

22/07/2026
Следна вест
НАПОЛНЕТЕ СИ КОФИ И ШИШИЊА! Цело Скопје утре без вода

НАПОЛНЕТЕ СИ КОФИ И ШИШИЊА! Цело Скопје утре без вода

Најнови вести

Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство

Аргентина под истрага по масовната тепачка по финалето на Светското првенство

22/07/2026
Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.