-Судот ќе одлучи кој ќе ја води Алијанса на Албанците, денeска на централното собрание свикано од Zijadin Села половина од луѓето не беа делегати. Не сакам да коментирам она што денска се случуваше, партијата ја прават луѓето и идеологијата – изјави за ТВ 24 претседателот на Алијанса, Арбен Таравари.
Тој во четвртокот во Куманово одржа централно собрание на кое доби мнозинска поддршка за опозициско делување.
На денешното Централно собрание на Алијанса на Албанците пак, што се одржа во Скопје усвоена е иницијативата за разрешување Арбен Таравари од претседател на партијата. Ова на прес-конференција по завршување на состанокот го соопшти Зијадин Села, кој според статут е претседател на партиското собрание на Алијанса на Албанците
– Го чекавме да дојде претседателот на партијата Таравари таму каде што припаѓа и каде што му е местото, а тоа е во ова Централно собрание како највисок орган меѓу два конгреси. Тој не дојде. За жал, според ова, од страна на членови на централното претседателство, беше предложено дека е беспредметна точката од дневниот ред каде што претседателот треба да даде отчет за последните збиднувања во Алијанса на Албанците, по што таа беше тргната и беше ставена друга точка, односно иницијатива за разрешување на претседателот на партијата, според членот 48 од статутот на партијата – кажа Села.