• Импресум
Sunday, April 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

24/02/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно се политичка пропаганда во функција на изборите. Но, секогаш постои една голема доза на вистинитост и искрен пристап во заложбите од страна на тој етнички блок. Македонија не може да биде заложник на никој…Она што ме загрижува првенствено како граѓанин, но и како човек што носи одговорна функција и претендира за одговорна функција во општеството, заветот на г. Ахмети. Јас од овде, давам завет дека ЗНАМ никогаш нема да дозволи во Парламентот да помине такво решение, затоа што тоа ја усложнува државата, дополнително ја намалува моќта на институцијата Претседател, која всушност треба да биде заштитник на обичниот граѓанин. Претседателот ја црпи својата сила од самите граѓани и всушност тој ги претставува покрај државата и сите ингеренции кои му се согласно Уставот и законот доверени, и граѓаните и се грижи за граѓаните, вели Димитриевски во гостувањето во Дневникот на Сител, за барањето на ДУИ претседателот на државата да се бира во Собранието со двотретинско мнозинство.

За другиот услов на ДУИ дека нема да коалицираат со никого ако нема уставни измени неопходни за отварање на поглавјата во преговорите за членство во ЕУ, тој кажа дека ќе коалицираат, но без условувања.

– Ќе има коалиција од македонските политички партии и ќе бидат повикани оние политички партии од етничкиот блок на Албанците, да учествуваат, секако на рамноправна основа, но без условувања. Затоа што оваа држава има Устав, има закони и ние ќе се водиме по нив. Велат нема да биде одобрена таквата коалиција. Кој одобрува? одобрува бројката во Собранието. Нашата држава ја водиме ние, не ја водат тие кои доаѓаат од надвор и ни кажуваат како треба да ја водиме. Ние мора да преземеме одговорнсот да си ја водиме сами државата, да ја направиме одржлива, да се потпреме на сопствените сили, за да не бидеме уценувани ниту од внатре ниту од надвор, вели Димитриевски кој е кандидат за претседател на државата.

На прашањето со кого би коалицирале по парламентарните избори и дали СДСМ чиј поранешен член е, се нивниот приороден коалиционен партнер, лидерот на ЗНАМ вели дека по убедување е левичар, а ќе коалицираат со оние политички субјекти со кои прво на маса ќе ги дефинираат државните национални интереси.

-Ние нема да коалицираме со тие кои досега и правеа штета на Македонија, особено поединци кои заради лукративни интерси продадоа се. Такви има и во редовите на СДСМ и во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Многу побитно е да се најде принципиелен партнер со кој ќе се гради иднината на оваа држава, вели Димитриевски.

Запрашан дали изборот на Горан Минчев за генерален секретар на партијата и шеф на Изборниот штаб е сигнал дека е близок со поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски, Димитриевски вели го почитува.

-Не, јас мислам дека Црвековски се уште ми ја нема потпишано поддршката за кандидатурата. Имам многу пати кажано – го почитувам него и другите претседатели. Горан Минчев е мој стар соработник со кого многу пати сум имал и различни ставови, но тука имаме и многу нови имиња како што е потпретседателот на партијата Павле Арсовски пензиониран генерал мајор, Весна Бендевска поранешен пратеник, др. Јасмин Циривири…, вели Димитриевски упаувајќи апел до граѓаните да ја дадат поддршката за неговата кандидатура за претседател на државата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант
Вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството
Вести

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин
Вести

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност
Вести

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп
Вести

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
Следна вест
Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Најнови вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.