• Импресум
Tuesday, May 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Дали Ванковска штотуку ги потцени македонските граѓани: Ќе се помачам, ама потписи за 500-че не собирам

27/02/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Дали Ванковска штотуку ги потцени македонските граѓани: Ќе се помачам, ама потписи за 500-че не собирам

Билјана Ванковска, која собира потписи за да биде претседателски кандидат од Левица, посочува дека на нивните штандови доаѓаат луѓе кои прашуваат: „што давате за потпис?“. Таа потоа додава дека ќе се помачи, ама нема да собира потписи со пари.

„Ќе се помачиш, ама нема да собираш потписи за 500-че! Каква деградација на оние најнемоќните и најсиромашните е тоа, што не можам ни да ја замислам! Или би си заминала со дигната глава ама со чиста совест – такви потписи не ми требаат. Неодамна кај мене докторираше еден умен млад човек од ромската заедница на тема за политичката партиципација на Ромите. Тешко е сознанието дека тие се и натаму паричка за поткусурување. Имавме искуства на луѓе на штандовите кои прашуваа: што давате (за потпис)? Одговотот беше: ништо не даваме, вие се борите за себе, за надежта дека ќе ја смениме оваа беда и сиромаштија. За наша среќа преку 8000 луѓе ни пријдоа без и да прашаат нешто такво!“, пишува Ванковска.

Претходно, Европскиот сојуз за промени објави дека и Арбен Таравари ги собрал потребните 10 000 потписи потребни за кандидирање на изборите за претседател. Веста ја објави и Таравари на ФБ.

„Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! Целата оваа кампања нека биде наменета за Вас”, напиша Таравари.

ДУИ исто се пофали дека нивниот кандидат Бујар Османи собрал 10 000 потписи за да се кандидира на изборите за претседател. Интегративците се задоволни од одзивот на граѓаните кој ја поддржале кандидатурата на Османи, а тој и понатаму ќе остане на чело на МНР и паралелно ќе ја трча изборната трка.

,,Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа“, се пофали и Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ, на социјалните медиуми”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Осомничен за лажно пријавување задржан во Полициската станица Тетово

26/05/2026
Почнуваат теренските посети на Ѓорѓиевски, првата средба во Кисела Вода
Вести

Почнуваат теренските посети на Ѓорѓиевски, првата средба во Кисела Вода

26/05/2026
Три лица повредени откако автобус излетал од пат во Хрватска
Вести

Три лица повредени откако автобус излетал од пат во Хрватска

26/05/2026
Умерена фреквенција на возила на патиштата
Вести

ЈПДП со нови правила на патарините, се укинува плаќањето со MCard на MTAG лентите

26/05/2026
Словачка бара балансиран пристап за проширувањето на ЕУ
Вести

Словачка бара балансиран пристап за проширувањето на ЕУ

26/05/2026
Вести

Аларм од СЗО: Еболата надвор од контрола во Конго и Уганда

26/05/2026
Следна вест
Мицкоски: Силјановска ќе води со над 100 илјади гласови пред Пендаровски во првиот изборен круг

Мицкоски: Силјановска ќе води со над 100 илјади гласови пред Пендаровски во првиот изборен круг

Најнови вести

Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Осомничен за лажно пријавување задржан во Полициската станица Тетово

26/05/2026
Почнуваат теренските посети на Ѓорѓиевски, првата средба во Кисела Вода

Почнуваат теренските посети на Ѓорѓиевски, првата средба во Кисела Вода

26/05/2026
Три лица повредени откако автобус излетал од пат во Хрватска

Три лица повредени откако автобус излетал од пат во Хрватска

26/05/2026
Умерена фреквенција на возила на патиштата

ЈПДП со нови правила на патарините, се укинува плаќањето со MCard на MTAG лентите

26/05/2026
Словачка бара балансиран пристап за проширувањето на ЕУ

Словачка бара балансиран пристап за проширувањето на ЕУ

26/05/2026

Аларм од СЗО: Еболата надвор од контрола во Конго и Уганда

26/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.