Регулаторната комисја за енергетика донесе одлука за намалување на цената на парното за сите деловни корисници во град Скопје, но не и за домаќинствата. Ваквата одлука според првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски се должи на падот на цената на природниот гас на берзите.
Бислимовски се надева оти со ова ќе се зголеми и бројот на потрошувачи.
„Тоа го правиме со единствена цел да овие потрошувачи кои што во екот на најголемата енергетска криза не добиваа субвенции од државата сега да им помогнеме затоа што се остварени услови за тоа…. “-изјави Марко Бислимовски – Претседател на РКЕ.
Домаќинствата, ќе ја чекаат редовната корекција, дополниелно од регулаторна потсетуваат дека сметките за парно на домаќинствата во време на кризните години, но и сега се до крајот на грајната сезона се субвенционираат од страна на државата. Според Бислимовски доколку цените на берзите останат како сегашните можно е со јулската корекција на цената на парното и домаќинствата да добијат пониска цена. Дополнително се ќе зависи и од тоа дали ќе продолжи или не субвенционирањето од државниот буџет.
„Некаде 20 % од трошоците се субвенционирани од страна на Владата и тоа продолжува во текот и на оваа грејна сезона. Ние ги анализираме цените за природен гас на берзите и на домашниот пазар, и ќе ја следиме ситуацијата и вообичаено како што правиме во јули ќе ја донесеме и цената на парното.“ -изјави Марко Бислимовски – Претседател на РКЕ.
Со последната корекција на цената на парното за домаќинствата, која беше направена во месец октомври, околу 60 илјади домаќинства од први ноември добиваат сметки за парно повисоки за 4,5 проценти.