• Импресум
Tuesday, May 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Аплаузи, скандирања, преполна сала: Гордана Силјановска Давкова ОФИЦИЈАЛНО е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

02/03/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Аплаузи, скандирања, преполна сала: Гордана Силјановска Давкова ОФИЦИЈАЛНО е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ на денешната конвенција потврди дека пратеничката и професорка Гордана Силјановска-Давкова ќе биде претседателскиот кандидат на партијата на претстојите претседателски избори.

Кандидатурата на Силјановска ја поддржа 444 делегати, од 448 кои гласаа.

Давкова изјави дека не очекувала волку голем резултат и се заблагодари на довербата.

Силјановска Давкова порача дека како универзитетски професор го користела сократовиот метод, односно ги учела студентите, но и учела од нив, и ништо повеќе не и значело како оваа доверба и можност да си го запознае народот.

Силјановска Давкова нагласи дека секој може да си го смени стилот на живеење, може да промени многу нешто, но никогаш не може да си ја промени татковината.

Не случајно сме родендени во Македонија, енергијата ни извира одовде и затоа треба да воспоставиме што е можно поцврсти врски со оние кои си заминале, не затоа што сакале , туку затоа што некој не ги сакал овдека како најдобри. Да бидеме во контакт со нив, да се вмрежат во нашите прашања и одлуки, да бидат овде присутни, така ми се чини дека ќе обезбедиме почит секаде во светот. Многу работа стои пред нас и јас затоа сите оние кои ќе бидат носители на некоја функција бидејќи во 21 век сме ги молам да стават крај на овие страшни поделби по било која основа, најмногу по партиска и по политичка, да не се однесуваат кон опозицијата како тие што се однесуваа кон неа, зошто без опозиција нема демократија, да градат консензус за најважните државни и национални прашања и интереси, да излегуваат кон надвор усогласени зошто само лидери и државници тоа го прават“, рече таа.

Силјановска Давкова укажа дека се виде досега до што доведоа поделбите. Поделбите ја доведоа оваа држава да личи на гладијаторска арена и во своето обраќање повика на обедунување.

„Не се станува Европјанин, не се вежба европеизација преку реторика ЕУ, ЕУ, ЕУ… Не! Туку преку вежбање демократија. Мора Копенхашките да се однесуваме. Мора владеењето на правото да ни биде прво. Мора слободите и правата на човекот да ни бидат во фокусот. Мора пазарна економија да градиме. Мора да ги почитуваме индивидуалните права, ама исто така и малцинските права“, истакна Силјановска Давкова.

„Јас ве уверувам дека нема да ве засрамам. Јас ве уверувам дека ќе ги мерам зборовите. Ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам, а нема да дезинтегрирам“, порача таа.

Силјановска Давкова потенцираше дека не е национализам да се повикувате на европските вредности.

„Не. Без темелни вредности ЕУ не може да биде заедница на граѓани, и таму се уште го нема европскиот „демос“, меѓутоа се создава. Истата таа лекција треба и овде да ја градиме Значи да градиме современа модерна, по европски стандарди, структуирана држава во која граѓаните ќе бидат суверенот, во која ќе ги почитуваме и правата на заедниците, се разбира, да ги почитуваме различностите но да не забораваме дека ЕУ е единство на различности. И ние има што да внесеме во ЕУ, отсекогаш сме биле во географска и културна смисла дел од ЕУ“, изјави таа.

Додаде дека не смее Балканот да остане периферија на периферијата и за тоа се потребни вистински лидери кои се самореализирани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата не ја послуша Славјанка: На Лавров ќе му биде дозволено да влезе во Македонија
Вести

Тензии меѓу Русија и Украина: Лавров предупреди на систематски напади врз Киев

25/05/2026
Нови сезонски авиолинии: од Бодрум до Скопје од јули
Вести

Кои седишта треба да ги избегнувате? Стјуардеса открива што е најлош избор

25/05/2026
Волфсбург испадна од Бундес-лигата, Падерборн слави враќање во елитата
Вести

Волфсбург испадна од Бундес-лигата, Падерборн слави враќање во елитата

25/05/2026
Само 30 грама дневно: Оревите како природен сојузник против лошиот холестерол
Вести

Само 30 грама дневно: Оревите како природен сојузник против лошиот холестерол

25/05/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Нафтата поевтинува по знаци за смирување на тензиите на Блискиот Исток

25/05/2026
Општина Центар: Извршен увид по свлечиште на градилиште – инвеститорот казнет
Вести

Општина Центар: Извршен увид по свлечиште на градилиште – инвеститорот казнет

25/05/2026
Следна вест
Спасена Австријка која тешко се повредила на скијање на Шапка

Спасена Австријка која тешко се повредила на скијање на Шапка

Најнови вести

Владата не ја послуша Славјанка: На Лавров ќе му биде дозволено да влезе во Македонија

Тензии меѓу Русија и Украина: Лавров предупреди на систематски напади врз Киев

25/05/2026
Нови сезонски авиолинии: од Бодрум до Скопје од јули

Кои седишта треба да ги избегнувате? Стјуардеса открива што е најлош избор

25/05/2026
Волфсбург испадна од Бундес-лигата, Падерборн слави враќање во елитата

Волфсбург испадна од Бундес-лигата, Падерборн слави враќање во елитата

25/05/2026
Само 30 грама дневно: Оревите како природен сојузник против лошиот холестерол

Само 30 грама дневно: Оревите како природен сојузник против лошиот холестерол

25/05/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Нафтата поевтинува по знаци за смирување на тензиите на Блискиот Исток

25/05/2026
Општина Центар: Извршен увид по свлечиште на градилиште – инвеститорот казнет

Општина Центар: Извршен увид по свлечиште на градилиште – инвеститорот казнет

25/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.