Три жени, меѓу кои и една бремена, се повредени во напад со нож што се случил во неделата претпладне во северниот дел на Париз, во близина на Порт де Клиши. Нападот се случил околу 11:30 часот, соопштија француските власти.
Повредените се на возраст од 19, 24 и 36 години и веднаш биле пренесени во болница. Според официјалните информации, две од нив се здобиле со тешки повреди – едната била избодена во долниот дел од грбот, а другата во стомакот. Една од жртвите се наоѓа во критична состојба.
Осомничениот, 31-годишен маж за кого постојат сомневања дека има проблеми со менталното здравје, бил уапсен на местото на нападот. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека напаѓачот најпрво бил совладан од полицаец кој во тој момент не бил на должност.
Според француските медиуми, мажот бил вооружен со два ножа.
На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа осомничениот, облечен во беж облека, како со два ножа брка минувачи. На една од снимките се гледа како напаѓа жена, додека случајни минувачи се обидуваат да го спречат.
На крајот, граѓаните успеале да го соборат на земја користејќи стол, по што бил приведен од полицијата.
Мотивот за нападот засега не е познат, а истрагата на француските власти е во тек.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












