• Импресум
Tuesday, May 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски: На 8 мај ќе ја завршиме работата што ја почнавме на последните локални избори

02/03/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Мицкоски: На 8 мај ќе ја завршиме работата што ја почнавме на последните локални избори

Македонија, рече тој, нема друга алтернатива освен членство во Европската Унија, но без експериментирање со своите идентитетски основи на тој пат. Ова, како што посочи, треба да биде задача на дипломатијата што ќе ја води претседателот на државата при решавање на овие прашања
Денешниот ден и денешниот избор го дава идниот претседател на Македонија. Но, она што е важно, од денес ви најавувам дека на 8 мај следува комплетна промена во Македонија, Имаме незавршена работа почната на последните локални избори. Двојна промена со победа на претсадеталските и парламнентарните избори. Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неговиот говор со кој беше заокружена денешната партиска конвенција на која беше официјализирана кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на државата.

Мицкоски рече дека победата мора да биде јасна и убедлива и на парлкаментарните избори ВМРО-ДПМНЕ да освои доволно гласови за да обезбеди 61 пратеник во Собранието.

„Ова е моето на настојување и ова мора да биде наша заедничка мисија“, рече тој.

Наведе три причини зошто победата треба да биде со 61 пратеничко место – за економски реформи, за остварување на правдата и одговорност за оние кои правеле криминал и за сигурно управување со институциите „без уцени и без диктати“.

Говорејќи за актуелните состојби, Мицкоски упати критики до своите политички опоненти, порачувајќи дека ова не се избори за тоа дали Македонија ќе влезе или нема да влезе во Европската Унија, туку дека ова се избори за Македонија.

„Ова се избори за Македонија. За средена Македонија со закони, во која нема граѓани од прв и втор ред. Се надевам дека граѓаните дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор…На 8 мај знаеме дека овој народ ќе каже доста е, доста ние од кражби, од непостоење на систем, доста ни е од потценување. Затоа она во што верувам е дека ова е шансата во која мора сите да учествуваме.

Да не се делиме според политичките погледи. Секоја наша разлика е помалку важна од Македонија која сакаат да ни ја земат. Да ја вратиме државата на народот, да кажеме дека ова е твоја Макдонија. Оваа држава имала лидери и претседатели кои оставиле трага. Ова нема да биде само моја и ваша подеба туку победа на секој човек против естаблишментот кој не влече надолу“, рече Мицкоски.

Силјановска-Давкова и официјално кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата – нема да ве засрамам, порача таа

Македонија, рече тој, нема друга алтернатива освен членството во Европската Унија, но без експериментирање со своите идентитетски основи на тој пат.

Ова, како што посочи, треба да биде задача на дипломатијата што ќе ја води претседателот на држвата при решавање на овие прашања.

„Претседателот има должност и обврска да им служи на граѓаните и на државта. Да ги штити нивните интереси што ќе значи не потклекнување на туѓу агенди. Претседателот е на народот и произлегува од него. Повикувајќи се на Илинденците и на АСНОМ, на Никола Карев и на Методија Андонов Ченто, претседателот е должен безусловно да го продолѓи истото дело. Да градиме држава кои ќе ги почитува своите темели, а кои беа обврска и за сите нашите претходни претседатели“, рече Мицкоски.

Во однос на членството во Европската Унија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека земјава на тој пат има направено многу повеќе отстапки од другите народи.

„Многу пати го променивме Уставот, ни ги променија банкнотите, знамето, името…Очигледно е ЕУ за нас има многу задачи кои немаат врска со критериумите од Копенхаген, а кои ги немаше ниту еден народ кој пристапуваше во ЕУ. Затоа нам ни треба претседател кој ќе ги решава овие прашања, но истовремено ќе се бори за нашите интереси. Претседателка која ќе се бори за нашиот влез во ЕУ, но ќе го брани нашиот идентитет. Нам ни треба треба претседателка со интегритет кој ќе остави силен белег во оваа змеја. Нам не ни треба претседателка којашто ќе се слика туку кој ќе работи. Нема место за изговори, има место само за работа“, рече Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата не ја послуша Славјанка: На Лавров ќе му биде дозволено да влезе во Македонија
Вести

Тензии меѓу Русија и Украина: Лавров предупреди на систематски напади врз Киев

25/05/2026
Нови сезонски авиолинии: од Бодрум до Скопје од јули
Вести

Кои седишта треба да ги избегнувате? Стјуардеса открива што е најлош избор

25/05/2026
Волфсбург испадна од Бундес-лигата, Падерборн слави враќање во елитата
Вести

Волфсбург испадна од Бундес-лигата, Падерборн слави враќање во елитата

25/05/2026
Само 30 грама дневно: Оревите како природен сојузник против лошиот холестерол
Вести

Само 30 грама дневно: Оревите како природен сојузник против лошиот холестерол

25/05/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Нафтата поевтинува по знаци за смирување на тензиите на Блискиот Исток

25/05/2026
Општина Центар: Извршен увид по свлечиште на градилиште – инвеститорот казнет
Вести

Општина Центар: Извршен увид по свлечиште на градилиште – инвеститорот казнет

25/05/2026
Следна вест
Седум месеци затвор за крадецот, кој украл УСБ со податоци за Олимпијадата во Париз

Седум месеци затвор за крадецот, кој украл УСБ со податоци за Олимпијадата во Париз

Најнови вести

Владата не ја послуша Славјанка: На Лавров ќе му биде дозволено да влезе во Македонија

Тензии меѓу Русија и Украина: Лавров предупреди на систематски напади врз Киев

25/05/2026
Нови сезонски авиолинии: од Бодрум до Скопје од јули

Кои седишта треба да ги избегнувате? Стјуардеса открива што е најлош избор

25/05/2026
Волфсбург испадна од Бундес-лигата, Падерборн слави враќање во елитата

Волфсбург испадна од Бундес-лигата, Падерборн слави враќање во елитата

25/05/2026
Само 30 грама дневно: Оревите како природен сојузник против лошиот холестерол

Само 30 грама дневно: Оревите како природен сојузник против лошиот холестерол

25/05/2026
Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Нафтата поевтинува по знаци за смирување на тензиите на Блискиот Исток

25/05/2026
Општина Центар: Извршен увид по свлечиште на градилиште – инвеститорот казнет

Општина Центар: Извршен увид по свлечиште на градилиште – инвеститорот казнет

25/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.