• Импресум
Sunday, April 26, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Одбраната КУПУВА ХЕЛИКОПТЕРИ ЗА ТУРИСТИЧКА НАМЕНА, без борбен потенцијал, за 230 или за 250 милиони евра!

19/03/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Одбраната КУПУВА ХЕЛИКОПТЕРИ ЗА ТУРИСТИЧКА НАМЕНА, без борбен потенцијал, за 230 или за 250 милиони евра!

Оваа влада на ДУИ/СДСМ има голем мерак на хеликоптери. Патем и голем мерак на корупција. И, кога тие ќе се спојат тдоаѓаме до две јавни набавки за хеликоптери кои завршуваат како крупни коруптивни скандали со, очекувана, судска завршница.

На 30.10. 2019-та владата, преку премиерот Зоран Заев, објави дека низ “јавно-приватно партнерство“ ќе обезбеди два хеликоптери за цивилни потреби, пренос на повредени, при земјотреси, поплави… и слично.

Како што објасни премиерот Заев, владата одлучила да склучи договор со фирмата Сархемс ДООЕЛ Скопје, која била избрана на јавен повик, имало пет инетересенти на повикот но, само таа конкурирала, а соработува со скандинавски комапании.

„Тоа се приватни компании кои своите услуги ги наплаќаат преку осигурителни компании, а по 8 години хелокоптерите остануваат во државата. Фирмата за услугите ќе наплаќа на државата, а истовремено ќе треба да плаќа одредена сума во државниот буџет како надомест за јавно-приватното партнерство што ќе достигне околу 10.000 евра годишно“, рече Заев. Хеликоптерите, според него, ќе бидат целосно опремени и на располагање за шест месеци по потпишување на договорот.

Секој денар, секое евро, трошење јавни пари од страна на Заев, и севкупно на владата на ДУИ/СДСМ овие седум години – е сомнително. Новинарите со малку труд и напор утврдија очигледна манипулација и намера за нова корупција на Заев.

Според податоците од Централен регистар фирмата е основана во август, месец дена пред најавениот бизнис на Заев и владата, со 5000 евра влог со дејност за “патнички воздухопловен транспорт“. Искуството кое го спомнува Заев не постои.

Трошокот на владата од само 10.000 евра годишно за оваа цел, како што најави Заев, набргу се качи на 72 милиони евра за цело времетрање на договрот, или 9 милиони евра годишно.

“Сархемс има обврска да инвестира по 9 милиони евра годишно во својот бизнис во Македонија со хеликоптерскиот медицински тим за спасување“, изјави Драги Рашковски, владиниот генерален секретар.

Притоа, демантира дека државата ќе ги троши овие пари и дека вкупната сума за осум години би била 72 милиони евра државни пари.

Хеликоптерите, според Заев и Владата, бесплатно ќе пренесувале македонски граѓани за медицински потреби, но за странците тоа ќе се наплаќало од нивното осигурување и така фирмата “партнер“ на владата ќе ги повратела почетно вложените 9 милиони евра.

Од Центарот за управување со кризи велат дека од нивното досегашно искуство, во просек до 5 или 6 пати се јавува потреба од спасувачки мисии за странски државјани, пред се во зимскиот период, најчесто поради незгоди при планинарење.

Ако се земат предвид дека трошоците за странците во такви случаи чинеле од 2 до 4 илјади евра, излегува оти инвеститорот би можел да наплати од 12 до 24 илјади евра годишно. Прашање е како инвеститорот воопшто ќе заработува. А одговорот дојде брзо.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант
Вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството
Вести

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин
Вести

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност
Вести

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп
Вести

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
Следна вест
Загрижувачко: Уште колку државни функционери не знаат македонски и со татковци одат на работа?

Загрижувачко: Уште колку државни функционери не знаат македонски и со татковци одат на работа?

Најнови вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.