Германскиот ADAC спроведе интересна студија во врска со дефектите на автомобилите.
На голем примерок (повеќе од 3,5 милиони поправки во 2023 година), ADAC го разгледа она што најчесто ги мачи автомобилите, и дизелот и бензинот, како и електричните.
Севкупно, најчеста причина за дефекти на автомобилите на германските патишта е неисправниот акумулатор – дури 44 проценти од сите проблеми се предизвикани од ова. Понатаму, кај возилата на бензин и дизел моторот е вториот „виновник“ за дефекти на возилата ( 23%), а потоа доаѓа алтернаторот, електричните системи и осветлувањето.
Кога станува збор за електричните автомобили, ADAC минатата година забележале повеќе од 30.000 интервенции, што претставува зголемување од дури 50% во споредба со 2022 година.
Овде доаѓаме до одговорот на прашањето од насловот – најчеста причина за дефект кај електричните автомобили е стартниот акумулатор.