• Импресум
Saturday, May 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Важно е што партиите ќе ветат, но поважно е дали претходните ветувања ги исполниле

01/04/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Важно е што партиите ќе ветат, но поважно е дали претходните ветувања ги исполниле

Се ближи почетокот на дваесетдневните кампањи на 4 и на 18 април за претседателските и за парламентарните избори. Изминатиов викенд најголемиот дел од партиите веќе ги избраа кандидатите и почнаа да ги промовираат изборните програми. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ прецизно соопшти дека нејзината програма со која ќе настапи пред граѓаните има точно 1.198 проекти кои ќе ги реализираат во текот на наредните четири години. Се ветува намалување на бројот на пратениците на 90, една изборна единица, укинување на балансерот, распуштање на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, три милијарди евра капитални инвестиции, 5.000 денари поголема пензија за сите пензионери, 250 милиони евра за општините, по 50 милиони евра за културни проекти и за нови ТВ серии и филмови на македонски јазик, за спортот, 800 милиони евра за македонското земјоделство…

СДСМ пак ветуваат дека просечната плата за четири години ќе биде 1.100 евра, минималната плата ќе биде 600 евра, дека ќе растат и пензиите, инвестирање 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти, 750 милиони евра за земјоделството, бесплатен топол оброк за основците и средношколците…

Македонските граѓани имаат горки искуства со изборните ветувања на партиите. Уште не се заборавени ветувањата за милијарди кои ќе пристигнат во земјава само требало името да се смени, за тоа дека секое семејство ќе има најмалку по еден вработен член, дека ќе ја победат корупцијата…

-Веќе сме уморни од неисполнетите ветувања. Ги имаше премногу во изминативе години. Заради тоа сега сакам да она што ни се нуди како програма да биде реално, да може да се оствари во текот на мандатот. Што ако ни се ветува многу, ако потоа се бара оправдувања дека тоа не можело да се направи, ни вели скопјанката Налка Трајковска.

Неисполнувањето на изборните ветувања сега се рефлектираат и на предизборните анктети каде СДСМ не поминува добро. Инаку, во јавноста се повеќе се истакнуваат мислења дека граѓаните треба да добијат и некакви гаранции од партиите дека ќе го направат ветеното. Новинар и публицист Георги Барбаровски, во неодамнешното интервју за „Македонско Ехо“ излезе со ставот дека партиите треба јавно да се обврзуваат.

–Би сакал еднаш да се случи власта дојдена по демократски избори јавно да се обврзи дека ќе си замине пред истекот на мандатот доколку не ги исполни трите главни ветувања. И тоа да го направи! Со таков чин може да направи пресврт во практицирањето на власта, смета тој.

За други наши соговорници би било добро да има и санкции откако птетходно секоја партија на нотар би ги завела своите ветувања.

-Добро е партиите да се обврзат дека ќе направат неколку одредени проекти, за одредено време. Да видиме колку ги бива да направат и колку се одговорни, потенцира Трајковска.

Инаку, за реализација на останатите проекти од изборната програма, партијата на власт би го имала целиот четиригодишен мандат. Сега останува да се види дали некоја од партиите и коалиции ќе се осмели да даде гаранција дека за две-три години ќе направи неколку капитални проекти. Тоа би значело промена на досегашниот однос кон начинот на практикувањето на власта и поодговорен однос кон граѓаните. Ова повлекува и ризик од почести избори во земјава, но со одговорно работење на партиите тоа лесно може да се одбегне.

-Изморен и сит сум од ветувања кои никогаш нема да се исполнат. Партиите ја урнисаа државата и го дотераа народот до ова дереџе, смета Златко Стојановски.

-Колку сакаат нека ветуваат партиите. Мене веќе ми е јасно кој ме лажеше и даваше празни ветувања. Според тоа сознание ќе одлучам за кого ќе гласам, а не според нивните напумпани програми, смета друг наш соговорник кој кажа само дека се вика Игор.

Граѓаните не сакаат и притисок од партиите

Освен ветувањата, партиите користат и други методи на убедувања. Во извештајот на меѓународните посматрачи на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во 2021 година беше наведено дека имало „кредибилни тврдења за притисок врз гласачи и купување гласови“.

-Работам во училиште и речиси на секои избори добиваме сугестии од директорот да одиме на митинзи на неговата партија, но и предупредувања од „директорот во сенка“ од редовите на опозицијата „да внимаваме што ќе следи кога тие ќе дојдат на власт“. Таквите притисоци треба да запрат и да не остават сами да решаваме што ќе правиме на изборите, вели вработен во едно скопско училиште, додавајќи дека притисоците имаат контраефект.

Важно е што партиите ќе ветат, но поважно е дали претходните ветувања ги исполниле
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка
Вести

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград
Вести

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
Вести

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!
Вести

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино
Вести

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
Следна вест
Во векот на информатиката, кај нас студентите – информатичари простор за студирање немаат

Во векот на информатиката, кај нас студентите – информатичари простор за студирање немаат

Најнови вести

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.