• Импресум
Saturday, July 25, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ѓорче Петров уште во 1896 година им одговорил на негаторите на Македонците

02/04/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Ѓорче Петров уште во 1896 година им одговорил на негаторите на Македонците

На овој ден пред 159 години, на 2 април 1865 година, имало радост во семејството на Петре, учителот од Тројаци, во прилепската населба Варош оти се родил машки потомок. Детето го крстиле како Георги Петров Николов, но подоцна, додека го поминувал животниот пат името по кое се препознаваше беше Ѓорче Петров. А потоа тој со делото што го направи како професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација, револуционер, остана трајно запишан во меморијата на македонскиот народ.

Основно образование завршува во Прилеп. Потоа се школува во Солунската машка гимназија во која останува се до неговото исклучување во 1884 година поради учество во ученички бунт. По ова, заминува на школување во Пловдив каде го завршува образованието и се враќа во Македонија.

Работи како учител во Штип и Скопје (1888–1891) каде соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија. Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско). Во 1896 година ја објавува и книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ и во која за српските и бугарските тврдења во однос на народноста на Македонците пишува следно:

-… Денешните историски докажувања и расправии водат кон тоа дека тука владеела Србија, дека српскиот дух е силен и други такви со кои се служат „браќата“ за да докажат дека сме Срби и обратно, тврдењата на „Новини“ врз основа на некои факти од „Бугарската историја“ и врз мислењата на разни историчари и патописци, дури врз историските спомени на населението за српските владетели на кои спомени многу се силат „браќата“ или големото влијание на мизиските и тракиските Бугари врз Македонците и нивното заемно учество во разни движења, нивната нова заедничка историја, најпосле „славата“ на Милоевиќ и „курбанот“ на г. Шопов, сето тоа се бессодржински докажувања и аргументи кои можат да даваат материјал на секојдневните весници и списанија наменети за масата, но за науката не вредат ни луле тутун…, напишал револуционерот.

Во март 1895 година во Солун бил кооптиран за член на ЦК на ВМРО каде на Солунскиот конгрес 1896 година заедно со Гоце Делчев добиле задача да го изготват уставот на организацијата.

Тој и Гоце Делчев се спротивставиле за кревање на Илинденското востание поради неговата неподготвеност и избрзаност. Своите погледи ги образложувал во својот весник „Бунтовник“ каде во средиштето на неговата идеологија лежеле паролата „Македонија на Македонците“. Иако не го поддржувал, тој сепак учествувал во Илинденското востание и тоа со чета во борбите кај прилепско-мариовскиот крај.

По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес… Го уредувал и списанието Културно единство (Солун, 1908–1909). Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Сер, Битола и Драма и бил противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција.

Таков прегор горел во него се до неговото убиство на 28 јуни 1921 година во бугарската престолнина Софија. Тогаш, тој свратил во кафеана, помуабетил со Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО и на излегување по него тргнало и лицето по име Реџеп… По неколку минути Ѓорче Петров бил убиен.

Подоцна, се претпоставувало дека убиството го нарачал Тодор Александров и дека тоа претставувало само едно од бројните случаи на меѓусебните пресметки кои се случувале во редовите на македонското револуционерно движење меѓу спротивставени струи, фракции, но и предавници. Така завршил животниот пат на еден од најголемите македонски револуционери, личност која целиот свој живот го посветила на борбата за слобода на македонскиот народ меѓу кој споменот на него никогаш не згаснал. Преку неговото дело тој покажа дека македонскиот народ само преку борба може да се дојде до слобода. Но, неговата смрт остави и едно големо предупредување – за трагичните пресметки во македонското револуционерно движење кои оставија тешки последици.

Ѓорче Петров уште во 1896 година им одговорил на негаторите на Македонците
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Стабилен викенд, локални врнежи на почетокот од новата недела

25/07/2026
Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила
Вести

Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила

25/07/2026
Вучиќ објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи
Вести

Србија без американски царини, Вучиќ најави нови инвестиции

25/07/2026
Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче
Вести

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

24/07/2026
Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија
Вести

Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

24/07/2026
Нетанјаху: Израел нема да прифати прекин на огнот, ова е време за војна
Вести

Трамп ќе го пречека Нетанијаху на средба во Вашингтон

24/07/2026
Следна вест
Само 6 потписи на кодексот за фер избори и многу обвинувања за процесот

Само 6 потписи на кодексот за фер избори и многу обвинувања за процесот

Најнови вести

Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Стабилен викенд, локални врнежи на почетокот од новата недела

25/07/2026
Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила

Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила

25/07/2026
Вучиќ објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи

Србија без американски царини, Вучиќ најави нови инвестиции

25/07/2026
Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

24/07/2026
Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

24/07/2026
Нетанјаху: Израел нема да прифати прекин на огнот, ова е време за војна

Трамп ќе го пречека Нетанијаху на средба во Вашингтон

24/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.