• Импресум
Friday, July 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Бугарија ја доби 10-тата преодна влада, новите избори закажани за 9 јуни

10/04/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Бугарија ја доби 10-тата преодна влада, новите избори закажани за 9 јуни

Бугарија ја доби преодната влада на чело со премиерот Димитар Главчев, а на 9 јуни се закажани вонредни парламентарни избори. Народното собрание на вонредна седница ја инаугурираше 10. преодна влада во историјата на државата, а шеста во последните четири години.

Тоа е и првата влада која по неодамнешните уставни измени положи заклетва пред парламентот, а не пред претседателот, пишува бугарскиот сајт „Новините“. Претходно бугарскиот претседател Румен Радев издаде указ за официјално именување на кабинет и закажување единствени избори за 9 јуни и за европскиот и за националниот парламент.

На крајот на март претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) на бугарскиот претседател му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада што им го врачи со што се отвори патот за закажувањето на вонредните парламентарни избори.

На изборите во април минатата година ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „Промените продолжуваат“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот Парламент, а нивните обиди за формирање влада претходно беа неуспешни.

Првиот мандат Радев и го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но таа не формираше влада, откако мандатарката Марија Габриел се откажа и го врати мандатот.

Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков, кандидатот за премиер предложен од „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ („ПП-ДБ“), но мандатарот и доскорешен премиер веднаш го врати мандатот.

Во согласност со бугарскиот Устав, претседателот на државата го доверува третиот мандат за состав на влада на една од другите парламентарни сили, по негова дискреција, во рок од седум дена.

Според Уставот, доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи назначува преодна влада и распишува нови предвремени избори во рок од 2 месеци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк
Вести

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

23/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас
Вести

Клековски со предупредување до гостиварци: Ризикот сè уште постои, не опуштајте се

23/07/2026
УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство
Вести

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола
Вести

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар
Вести

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
Следна вест
Зарем ќе се чека во Скопје да има 10.000 бездомни кучиња за да се реагира посоодветно?

Зарем ќе се чека во Скопје да има 10.000 бездомни кучиња за да се реагира посоодветно?

Најнови вести

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

23/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас

Клековски со предупредување до гостиварци: Ризикот сè уште постои, не опуштајте се

23/07/2026
УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.