• Импресум
Friday, May 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Зарем ќе се чека во Скопје да има 10.000 бездомни кучиња за да се реагира посоодветно?

11/04/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Зарем ќе се чека во Скопје да има 10.000 бездомни кучиња за да се реагира посоодветно?

Бездомните кучиња стануваат „домаќини“ во одделни скопски населби. Не испраќаат наутро кога одиме на работа, не дочекуваат доцна попладне, ако има ноќни прошетки и тие се тука, ако одите до продавница ќе ги сретнеме пак…

Главниот скопски плоштад „Македонија“ одамна е локација на која постојано ги има, цела глутница секојдневно може да се забележи кај Новата железничка станица, групи има и во Аеродром околу ТЦ „Бисер“, кај поранешната слаткарница „Стела“, ги има и во Карпош… Скопјани забележуваат дека групите стануваат и поголеми.

-Многу кучиња скитници има. А еден дел од нив се и агресивни особено навечер ако поминеш на „нивната територија“ со велосипед на пример. Дури и оние што се мирни, ама се бајаги големи ги плашат дел од луѓето кога одат околу ТЦ „Бисер“. Проблемот мора да се решава, ни прокоментира една аеродромка.

Нема ден, а во полициските извештаи да не се наведе дека некој граѓанин не бил каснат од куче. Не ретко има и напади од луѓе врз животните, има и труења. СЕто тоа укажува дека проблемот со бездомните кучиња во Скопје мора да се решава многу понастојчиво. 

Градско претпријатие „Лајка“, неколку групи-волонтери и здруженија на граѓани, граѓани-ентузијасти… се оние кои на свој начин помагаат и се грижат за решавањето на овој голем проблем. Меѓутоа, и тие не може да постигнат.

Директорката на градското јавно претпријатие „Лајка“ Радмила Пешева денеска изјави дека на подрачјето на Скопје има повеќе од 5.000 бездомни кучиња. Од нив, само половина биле стерилизирани што значи дека останатите може да се размножуваат.   

-Нашиот капацитет е 150 кучиња и ние во континуитет заловуваме кучиња и никогаш не сме под 100 кучиња во нашиот стационар. Од последната анализа која ја направивме во текот на зимата околу 5.000 кучиња во моментов има на скопските улици. Од кои само половина се третирани, вакцинирани, стерилизирани и имаат поминато тест за социјализација, изјави таа за „Слободен печат“.

Посебен проблем што таа го наведе било тоа што во Скопје се носат кучиња од други градови и се оставаат по скопските населби. Полицијата знаела за оваа појава, но не знаела каков налог да издаде да ги санкционираат сторителите…

Сето ова укажува дека досегашниот однос не дава доволно резултати и дека нешто сериозно мора да се менува. На сето ова неодамна укажаа и од невладината организација за заштитаа на животните „Анима мунди“.

-Единствена ефикасна, докажана и хумана метода е “залови, стерилизирај, врати”. Една од предложените мерки е субвенционирање на стерилизации и кастрации за домашните миленици како директен извор на животни на улица. До сега само неколку општини имаа слух за оваа проблематика, општина Берово и Сопиште со субвенции за стерилизации на кучиња и општина Карпош со стерилизации за мачки. Во сите општини проблемот е актуелен, но не сите општини вложуваат напори во решавање на проблемот и не сите општини ги подмируваат обврските кон ЈП Лајка, изјави во интервјуто за „Скопско ехо“ активистка Гизела Бошковска.

Зарем ќе се чека во Скопје да има 10.000 бездомни кучиња за да се реагира посоодветно? Прашањето е и до Град Скопје и до скопските општини и до полицијата.

Зарем ќе се чека во Скопје да има 10.000 бездомни кучиња за да се реагира посоодветно?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!
Вести

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино
Вести

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради изреалско мешање
Вести

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради изреалско мешање

22/05/2026
Фицо го отфрли предлогот на Мерц за новата динамика во преговорите за членство во Унијата
Вести

Фицо го отфрли предлогот на Мерц за новата динамика во преговорите за членство во Унијата

22/05/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Нови тензии во НАТО: САД распоредуваат дополнителни сили во Полска

22/05/2026
Следна вест
Ќе има ли ТВ соочување на сите претседателски кандидати?

Ќе има ли ТВ соочување на сите претседателски кандидати?

Најнови вести

Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради изреалско мешање

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради изреалско мешање

22/05/2026
Фицо го отфрли предлогот на Мерц за новата динамика во преговорите за членство во Унијата

Фицо го отфрли предлогот на Мерц за новата динамика во преговорите за членство во Унијата

22/05/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нови тензии во НАТО: САД распоредуваат дополнителни сили во Полска

22/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.