• Импресум
Saturday, July 25, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Денеска почнува конститутивната седница на новиот состав на Собранието

28/05/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Денеска почнува конститутивната седница на новиот состав на Собранието

Денеска во Собранието треба да започне седницата на која ќе биде конституиран новиот парламентарен состав по изборите одржани на 8 мај.

Почетокот на седницата е закажан за во 11 часот, а на дневен ред се четири точки.

  • Избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието на Република Северна Македонија;
  • Верификација на мандатите на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија;
  • Предлог за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија;
  • Избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

Според новиот Деловник за работа на законодавниот дом, конститутивната седница може да трае најмногу три дена, а завршува со изборот на претседател на Собранието.

Како што е најавено, за претседател на Собранието ќе биде предложен Африм Гаши од партијата Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“.

Новиот парламентарен состав ќе брои 120 пратеници, но на денешната седница се очекува да присуствуваат 118 пратеници чии мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и кои добија уверенија од ДИК. За останатите два мандати за кои се прегласуваше минатата среда (22 мај) сè уште течат жалбените постапки.

Вчера Државната изборна комисија на седница го отфрли приговорот на „Европскиот фронт“  за прегласувањето на изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Според распоредот на силите, во новиот состав на законодавниот дом најмногу пратеници, односно 58 ќе има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „Коалицијата за европска Македонија“ на СДСМ ќе брои 18 пратеници, коалицијата „Европски фронт“ предовдена од ДУИ ќе има исто 18 пратеници, коалицијата „Вреди“ ќе има 14, а Левица и „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“ ќе имаат по шест пратеника.

Поради кандидатурата за претседател на Собранието Африм Гаши, како што беше соопштено вчера се повлече од лидерската функција во Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“. Во меѓувреме и Билал Касами, претседател на Движењето Беса кое е исто така дел од оваа коалиција и актуелен градоначалник на Тетово, се откажа од пратеничкиот мандат и побара тој да не му биде верификуван на денешната седница.

Касами беше кандидат за пратеник од коалицијата „Вреди“ и носител на пратеничката листа во шестата изборна единица. Коалицијата „Вреди“ во оваа изборна единица има освоено осум пратенички мандати. Поради откажувањето на Касами од пратеничката позиција, на негово место во собраниските клупи треба да седне деветтиот на листата од коалцијата во оваа изборна единица, Аднан Азизи.

Конститутивната седница ја свика претседателот на собранискиот состав во заминување, Јован Митрески, а со неа ќе претседава највозрасната пратеничка Мерита Колчи Коџаџику.

По изборот, новоизбраниот претседател на Собранието треба да ја извести шефицата на државата Гордана Сиљановска-Давкова дека се верификувани мандатите на пратениците.

Мандатот од четири години на новиот собраниски состав почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Оттогаш почнуваат да течат и 10 дена во кои претседателката на државата мора да го додели мандатот за состав на Владата на кандидатот на партијата или партии кои имаат мнозинство во Собранието, а во случајот тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Како што објавивме вчера, распоредот на ресорите во новата влада, за чие формирање коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ води преговори со коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, а деновиве беше вклучена и партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски, е пред финален договор, велат последните информации за кои брифираат извори од ВМРО-ДПМНЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

УХМР: Стабилен викенд, локални врнежи на почетокот од новата недела

25/07/2026
Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила
Вести

Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила

25/07/2026
Вучиќ објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи
Вести

Србија без американски царини, Вучиќ најави нови инвестиции

25/07/2026
Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче
Вести

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

24/07/2026
Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија
Вести

Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

24/07/2026
Нетанјаху: Израел нема да прифати прекин на огнот, ова е време за војна
Вести

Трамп ќе го пречека Нетанијаху на средба во Вашингтон

24/07/2026
Следна вест
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

Најнови вести

Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

УХМР: Стабилен викенд, локални врнежи на почетокот од новата недела

25/07/2026
Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила

Невреме во Грција: Урнати покриви, соборени дрвја и оштетени возила

25/07/2026
Вучиќ објави победа на СНС на вчерашните избори во сите 10 локални самоуправи

Србија без американски царини, Вучиќ најави нови инвестиции

25/07/2026
Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

24/07/2026
Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

24/07/2026
Нетанјаху: Израел нема да прифати прекин на огнот, ова е време за војна

Трамп ќе го пречека Нетанијаху на средба во Вашингтон

24/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.