• Импресум
Saturday, July 25, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Пријателот на Заев: Ципрас бара ЕУ јасно да ги кажe последиците од непочитувањето на Договорот од Преспа

25/06/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Пријателот на Заев: Ципрас бара ЕУ јасно да ги кажe последиците од непочитувањето на Договорот од Преспа

„ЕУ и меѓународната заедница треба јасно да ги стават на знаење последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на Cеверна Македонија“, истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на Комитетот за Западен Балкан на Советот на Европа, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас вчера претседаваше во Стразбур со Комитетот, а според информациите од Грција, фокусот бил ставен на важноста на Договорот од Преспа за мирот, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан, особено во време на големи предизвици во регионот.

На состанокот улествувал и поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу., а посебна покана за учество добиле професорите Константинос Филис од Грција и Кристијан Фидановски од Македонија.

 

Папандреу истакнал дека сè додека регионот е ранлив на националистички конфронтации, ќе бара заштитници и ќе тоне во нестабилност и нови конфликти, а наспроти тоа дека е потребно сите да го почитуваат принципот на добрососедство, на посветеност на демократските принципи, на почитување на човековите права и владеењето на правото и паралелно ја истакнал важноста на Договорот од Преспа за иднината на Западен Балкан и регионалната соработка.

Професорот Фидановски, како и сите членови на Комисијата кои зеле збор, според истите информации, се фокусирале на потребата од верно почитување на Договорот од новата Влада на соседната земја.

Грчкиот професор Филис ја истакнал потребата да се развие европска мапа за Западен Балкан и да се нагласи враќањето на довербата меѓу ЕУ и општествата од земјите од регионот и додал дека патот кон Европа го покажуваат Договорот од Преспа на Ципрас и Заев од 2018 година и Солунската агенда промовирана од Јоргос Папандреу во 2003 година.

На крајот од состанокот, претседавачот со Комитетот Алексис Ципрас подвлекол дека треба да се води активна борбата против национализмот и дестабилизацијата во регионот, а тоа, според него, пред сè значи поддршка на Договорот од Преспа и динамична дипломатска улога на ЕУ на Западен Балкан пред целосно да го загуби својот кредибилитет и дополнително укажал на потребата меѓународната заедница, а особено ЕУ, јасно да ги разјаснат последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на Македонија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
Вести

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси
Вести

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК
Вести

Најнова состојба со пожарите: Активни жаришта во Пробиштип, Куманово и Петровец

25/07/2026
Олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула
Вести

Француските власти осуетија терористички напад врз синагога во Сарсел

25/07/2026
Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето
Вести

Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

25/07/2026
Шоу со голови: Вардар 6:1, Струга ТЛ 6:0
Вести

Шампионот сигурен на стартот: Вардар со два гола до првите три бода против Брегалница

25/07/2026
Следна вест
ОЈО: Шестмина признаа вина во „Синџир“, вратени околу 1.000.000 евра

ОЈО: Шестмина признаа вина во „Синџир“, вратени околу 1.000.000 евра

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Градскиот воз стартува на 1 септември, уверува Николоски

25/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси

Лубеница или диња – што е подобар избор за шеќерот во крвта?

25/07/2026
Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК

Најнова состојба со пожарите: Активни жаришта во Пробиштип, Куманово и Петровец

25/07/2026
Олимписки кругови поставени на Ајфеловата кула

Француските власти осуетија терористички напад врз синагога во Сарсел

25/07/2026
Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

Екипите на терен во Карпош: Се отстрануваат последиците од невремето

25/07/2026
Шоу со голови: Вардар 6:1, Струга ТЛ 6:0

Шампионот сигурен на стартот: Вардар со два гола до првите три бода против Брегалница

25/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.