• Импресум
Thursday, May 28, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии

28/06/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии

Владата денеска на првата седница ќе ја разгледува информацијата за повисоки пензии. Станува збор за проект, ветен од новата власт пред изборите, со кој повеќе од 300 илјади пензионери треба да добијат повисоки пензии од септември.

Конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите е финализирана на вчерашната средба на премиерот Христијан Мицкоски со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

Мицкоски на Фејсбук објави дека станува збор за реализација на изборно ветување кон пензионерите.

Дадениот збор е светост, обврска и одговорност. Државата мора да се грижи за највозрасните. Во соработка со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, министерот за социјална политика демографија и млади Фатмир Лимани, посветено работиме на итно изнаоѓање на решение кое ќе донесе повисоки пензии за над 300 илјади пензионери. Ова исклучително важно решение кое го ветивме на изборите ќе се дискутира на седница на Владата и со тоа ја покажуваме нашата посветеност да испорачуваме резултати и да работиме посветено и за сите, напиша Мицкоски на ФБ.

Тој во средата најави дека најверојатно ќе има две линеарни зголемувања на пензиите и тоа со нивелирањето во септември и уште едно во март. Зголемување на пензиите ќе биде вклучено во ребалансот на Буџетот, кој е најавен за средината на јули.

Од она што можам да видам дека и со оној првичен буџет којшто е поминат за оваа година недостасуваат околу 2,5 милијарди денари. Ќе имаме најверојатно две линеарни зголемувања, едно со нивелирањето сега во септември од 2.500 денари и другото ќе биде во март уште 2,500 денари. Најпрвин треба да обезбедиме со ребалансот 2,5 милијарди денари околу 40 милиони евра. Во буџетот што е поминат за оваа година недостасуваат средства за тековни пензии. Се трошеле за работи за кои мислам дека многу ќе се занимаваат истражните органи во периодот што следи. Уште дополнителни 2,5 милијарди денари се подготвени за ова првично зголемување кое ќе биде во септември, за овие три месеци септември, октомври, ноември, бидејќи пензиите ќе се исплаќаат тогаш. Останатите ќе бидат во март, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на ново училиште во скопската населба Драчево.

Со тоа, нагласи Мицкоски, практично ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 5 000 денари во првата година ќе биде и порано исполнето, не до јуни туку ќе биде до март идната година.

Со корекцијата што треба да се направи во септември, посочи вчеравечер министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, пензионерите ќе го добијат првото линеарно покачување од 2.500 денари, а следното линеарно покачување, исто така, од 2500 денари ќе биде во март следната година.

-Пензионер кој има пензија од 15.000 денари со покачувањето во септември ќе има пензија од 17.500 денари, а со покачувањето во март идната година од 20.000 денари. Таквата пензија ќе ја добива секој месец, а првото вообичаено усогласување на пензиите со трошоците на живот ќе го имаат во септември 2025 година, рече Димитриеска Кочоска во интервју за ТВ Сител.

Нагласи дека со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии. Од нив, како што кажа, околу 40 милиони евра се за линеарното зголемување, а останатите 40 милиони евра не биле предвидени од поранешната власт во Буџетот за годинава за непречена исплата на пензиите. Во фокусот на ребалансот, како што кажа, ќе бидат општините, пензиите, парите за плати, а се друго ќе се крати.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Британија се роди првото бебе од тројца родители
Вести

Катастрофална статистика: За 4,1% намален бројот на новородени

27/05/2026
Барди ќе ги пропушти мечевите со Хрватска и Чешка
Вести

Капитенот Барди нема да игра против Босна и Турција

27/05/2026
Белата куќа воведува ново правило со кое се ограничува пристапот за новинарите
Вести

Вашингтон: Нема никаков договор или аранжман со Техеран

27/05/2026
Кои се најплатените професии во Македонија?
Вести

Месечни исплати од 3.000 денари како нова социјална мерка

27/05/2026
Нови правила за облекување во Одделот за граѓански работи
Вести

Нови правила за облекување во Одделот за граѓански работи

27/05/2026
Светското првенство би можело да биде последно за Модриќ
Вести

Светското првенство би можело да биде последно за Модриќ

27/05/2026
Следна вест
Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Најнови вести

Во Британија се роди првото бебе од тројца родители

Катастрофална статистика: За 4,1% намален бројот на новородени

27/05/2026
Барди ќе ги пропушти мечевите со Хрватска и Чешка

Капитенот Барди нема да игра против Босна и Турција

27/05/2026
Белата куќа воведува ново правило со кое се ограничува пристапот за новинарите

Вашингтон: Нема никаков договор или аранжман со Техеран

27/05/2026
Кои се најплатените професии во Македонија?

Месечни исплати од 3.000 денари како нова социјална мерка

27/05/2026
Нови правила за облекување во Одделот за граѓански работи

Нови правила за облекување во Одделот за граѓански работи

27/05/2026
Светското првенство би можело да биде последно за Модриќ

Светското првенство би можело да биде последно за Модриќ

27/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.