• Импресум
Saturday, June 20, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Хаос и судири на улиците на Нови Сад и Белград, повредени новинари и граѓани, запалени просториите на СНС

14/08/2025
A A
Хаос и судири на улиците на Нови Сад и Белград, повредени новинари и граѓани, запалени просториите на СНС

Хаос и нови судири се случија вчера вечер на улиците на Нови Сад кога дојде до судир помеѓу членовите на СНС кои со топовски удари и огномети ги нападнаа граѓаните кои протестираат. Тензично беше и во Нов Белград, Зрењанин и во други градови низ земјата.

После полноќ се појавија и снимки од просториите на СНС во Нови Сад во пламен, а официјални извори од полицијата изјавија дека има повредени полицајци и граѓани.

Доцна во ноќта се огласи и претседателот Александар Вучиќ кој кажа дека нема да дозволи земјата да се најде во граѓанска војна. Низ цела Србија, граѓаните и студентите протестираа поради инцидентите во Врбас и Бачка Паланка, кога поддржувачи на Српската напредна партија фрлаа камења и пиротехнички средства врз граѓаните.

Медиумите јавуваат дека новинарите Никола Билиќ од новосадскиот портал 192 и Жарко Богосављевиќ од порталот Разглас беа повредени синоќа во Нови Сад.
Билиќ е претепан, а Богосављевиќ е удрен со палка во главата. Богосављевиќ носел кацига.

Инциденти имаше и во Зрењанин, каде граѓаните на покана од студентите во блокада се собраа на вечерниот протест, излегоа пред Градската куќа. Полицијата ги спречила да поминат по улицата Крал Петар Први, каде што се наоѓаат просториите на СНС.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

Опозицијата обвинува за економска нестабилност и политичка изолација

20/06/2026
Турција упати 32 удари, но повторно не постигна гол и испадна од групната фаза на Мундијалот

Мароко пред пласман во втората рунда, Бразил лесно го совлада Хаити

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

Има ли редици со странски инвеститори на македонските граници?
Вести

Албанија го одобри системот „Еден шалтер“ со Македонија

20/06/2026
Скопје домаќин на Парадата на гордоста, учесниците ќе маршираат низ центарот

Следна вест
Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Најнови вести

СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

Опозицијата обвинува за економска нестабилност и политичка изолација

20/06/2026
Турција упати 32 удари, но повторно не постигна гол и испадна од групната фаза на Мундијалот

Турција упати 32 удари, но повторно не постигна гол и испадна од групната фаза на Мундијалот

20/06/2026
Мароко пред пласман во втората рунда, Бразил лесно го совлада Хаити

Мароко пред пласман во втората рунда, Бразил лесно го совлада Хаити

20/06/2026
Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

20/06/2026
Има ли редици со странски инвеститори на македонските граници?

Албанија го одобри системот „Еден шалтер“ со Македонија

20/06/2026
Скопје домаќин на Парадата на гордоста, учесниците ќе маршираат низ центарот

Скопје домаќин на Парадата на гордоста, учесниците ќе маршираат низ центарот

20/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.