• Импресум
Monday, July 27, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Левица: Наместо отчет пред лозарите – Мицкоски во увид на најскапиот тендер во Кавадарци

31/08/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Левица: Наместо отчет пред лозарите – Мицкоски во увид на најскапиот тендер во Кавадарци

Во својата вчерашна посета на Кавадарци, во ек на бербата на грозје, Мицкоски целосно ги игнорираше лозарите и одлучи да го разгледува градскиот базен – проект познат како најскапиот тендер во општината, во износ од 41.018.185,32 денари. Додека лозарите се соочуваат со поразителна минимална откупна цена на грозјето, приватните винарии – спонзори на ДПМНЕ, дополнително ја намалуваат цената преку незаконски клаузули во договорите при плаќање во готово, се наведува во соопштението на Левица, што МИА го пренесува интегрално.

Оние лозари кои прифаќаат плаќање само по официјалната минимална цена, пак, чекаат со месеци, дури и до една година, за да ги добијат парите за својот род.

Зошто Владата им дозволува на приватните визби на овој начин да ги злоупотребуваат лозарите? Зошто се трошат речиси еден милион евра за “реконструкција на базен“ од страна на Градба Промет, наместо тие средства да се инвестираат во јавна дестилерија – проект што се ветува пред секои избори, а никогаш не се реализира?
Левица со години докажува преку издржани аргументи дека јавната дестилерија е клучна затоа што би поставила фер и реален стандард за откупната цена на грозјето. Доколку јавната дестилерија определи повисока цена, приватните компании нема да имаат можност да манипулираат и да го уценуваат македонскиот лозар. Но, наместо да застане зад лозарите и да обезбеди фер откуп, Мицкоски избира да потроши речиси еден милион евра на уривање на постоечки и уредување на нов поплиток базен – уште еден пример за расипничко и погрешно трошење на јавните пари.

И премиерот спомeна дека задача на оваа гаранција е да го среди хаосот во државата, но насоката која ја гледаме е целосно изгубена. Наместо да се задржи народот тука, Владата ги користи општините само за обрт на јавните пари од буџетот преку тендерски постапки, при што средствата завршуваат во џебовите на фирмите-соработнички. Народот пак, останува без критична инфраструктура која би овозможила сигурна и одржлива исплата за земјоделското производство.

Левица бара итна изградба на јавна дестилерија во Тиквешијата која ќе гарантира фер и реална цена на грозјето, законска заштита на лозарите со јасни рокови за исплата, како и одговорност и санкции за сите винарии кои со незаконски клаузули ја намалуваат минималната цена или неоправдано доцнат со исплатите.
Владата мора да прекине со расипнички тендери за неприоритетни проекти и да ги насочи јавните пари кон аграрното производство и заштитата на македонскиот земјоделец!

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец крадел нафта од резервоар на камион
Вести

Заврши штрајкот на грчките цариници, повторно се отворени граничните премини

27/07/2026
Седници на три собраниски комисии
Вести

Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот за 2026 година

27/07/2026
Протекоа стратешки документи на Путин
Вести

Путин не користи мобилен телефон, комуницира само преку специјални линии

27/07/2026
Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба
Вести

Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

27/07/2026
Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува
Вести

Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

27/07/2026
Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне
Вести

Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

27/07/2026
Следна вест
МВР апелира за фер и спортско навивање, а било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани

МВР: Бројот 192 не е во функција поради технички причини

Најнови вести

Тетовец крадел нафта од резервоар на камион

Заврши штрајкот на грчките цариници, повторно се отворени граничните премини

27/07/2026
Седници на три собраниски комисии

Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот за 2026 година

27/07/2026
Протекоа стратешки документи на Путин

Путин не користи мобилен телефон, комуницира само преку специјални линии

27/07/2026
Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

27/07/2026
Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

27/07/2026
Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

27/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.