• Импресум
Monday, July 27, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

До 13 септември се доставуваат кандидатските листи, до утре увид во Избирачкиот список

10/09/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Независните кандидат не треба да собираат потписи

Јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре на полноќ, а два дена подоцна на 13 септември на полноќ завршува рокот за доствување на листите за кандидати за градоначалници и за советници. На 29 септември започнува изборната кампања за локалните избори закажани за 19 октомври. Ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на 3480 избирачки места.

Граѓаните јавниот увид можат да го направат денеска до 20 часот во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, додека утре на 11 септември, последен ден од рокот, службите на Комисијата ќе работат до полноќ.

Граѓаните, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид ги поднесуваат писмено до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК. Исто така граѓаните тоа може да го направат и на електронската пошта за поднесување на барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список: upisis@sec.mk. Со барањето се приложуваат и потребните докази, а обрасците можат да се пронајдат и на веб страната на ДИК (sec.mk).

Увид во Избирачкиот список им се овозможува и на затворениците. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список за време на јавниот увид, лицата во притвор или во затвор го поднесуваат преку органот надлежен за извршување на санкциите до ДИК, од 23 август до 11 септември.

ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. По тужба, Управниот суд решава во рок од 24 часа и одлуката веднаш му ja доставува на тужителот по електронски пат. Правосилното решение на Управниот суд донесено по тужбата за запишување, промена и бришење е составен дел на потпишаниот Избирачки список од страна на ДИК.

ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври.

Барањето за доставување на Избирачкиот список политичките партии го доставуваат до ДИК по електронски пат, најдоцна на 11 септември.

ДИК во рок од три дена (најдоцна на 14 септември) од денот на завршување на јавниот увид, избирачкиот список го доставува до политичките партии кои доставиле барање до денот на завршување на јавниот увид.

Политичките партии во рок од пет дена од денот на приемот на избирачкиот список до ДИК (најдоцна на 19 септември) доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.

ДИК по поднесеното барање одлучува со решение во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето, согласно Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец крадел нафта од резервоар на камион
Вести

Заврши штрајкот на грчките цариници, повторно се отворени граничните премини

27/07/2026
Седници на три собраниски комисии
Вести

Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот за 2026 година

27/07/2026
Протекоа стратешки документи на Путин
Вести

Путин не користи мобилен телефон, комуницира само преку специјални линии

27/07/2026
Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба
Вести

Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

27/07/2026
Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува
Вести

Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

27/07/2026
Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне
Вести

Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

27/07/2026
Следна вест
Откако беше пукано во него, пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Откако беше пукано во него, пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Најнови вести

Тетовец крадел нафта од резервоар на камион

Заврши штрајкот на грчките цариници, повторно се отворени граничните премини

27/07/2026
Седници на три собраниски комисии

Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот за 2026 година

27/07/2026
Протекоа стратешки документи на Путин

Путин не користи мобилен телефон, комуницира само преку специјални линии

27/07/2026
Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

Три жени избодени со нож во Париз, една е во критична состојба

27/07/2026
Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

Графит „УЧК“ осамна на просториите на КУД „Српски вез“, полицијата истражува

27/07/2026
Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

Коњановски: Младите се двигател на промените, нивниот глас мора да се слушне

27/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.