Штипјани ја гледале Црвена Звезда на небезбедна трибина – затворена е!
Носителката на листата на СДСМ во Штип, Галаба Вереса Димова, откри голем скандал, кој ги вознемири сите штипјани.
На 12-ти септември оваа година, во Штип беше отворена новата трибина, а натпревар одиграа ветераните на Брегалница Штип и Црвена Звезда. Но, веќе следниот ден, трибината е затворена затоа што не е безбедна.
Ова отвори низа прашања низ чаршијата на градот под Исарот, а особено загрижени се они кои биле на трибината, односно велат дека некој свесно го загрозил нивниот и животот на нивните блиски.
Дали свесно беше загрозена безбедноста на граѓаните за спектакл и политички поени?, прашува Галаба Вереса Димова и вели.
Бараме одговори:
-Дали постои официјален технички прием за трибината или станува збор за импровизација и кршење процедури?
-Како ќе се гарантира безбедност на посетителите за Пастрмалијада?
-Ако трибината се користи без технички прием, тоа е небрежност што создава опасност за животот на граѓаните и носи кривична одговорност.
-Јавно ги повикуваме Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, ФФМ и градоначалникот да одговорат: Дали трибината е безбедна или не?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












