• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Реагирала полицијата, откако имало обид да и се земе телефонот на новинарка на гласачко место

19/10/2025
A A
Реагирала полицијата, откако имало обид да и се земе телефонот на новинарка на гласачко место

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии, и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места. Професионалното, навремено и точно информирање на јавноста за текот на изборниот процес е од суштинско значење за довербата во изборите, велат од ЗНМ.

До ЗНМ утрово беа пријавени неколку случаи на попречување на работата на новинарските екипи:

Скопје: Општина Карпош, (ИМ 2626) на новинарката Елида Зулбеари обид за одземање на мобилниот телефон и непристоен однос од страна на заменик претседателот на комисијата, по што имало интервенција од МВР, за што ќе побараме од ДИК да преземе санкции за службеникот.

Охрид (ИМ 1270): На екипа од јавниот сервис ѝ беше оневозможен пристап во раните утрински часови со образложение дека, покрај новинарската легитимација, треба да поседува и „акредитација од ДИК“. По реакција на колегите и интервенција на лице место, пристапот беше овозможен и работата продолжи.

Тетово: Новинар беше попречен да земе изјава од страна на членови на избирачкиот одбор, со упатување на „недостиг на акредитација“, се наведува во соопштението.

ЗНМ апелира до ДИК и МВР итно да ги известат сите избирачки одбори и службени лица дека не е потребна акредитација од ДИК за новинарите, со цел да се избегнат нови недоразбирања во текот на денот.

„Ќе продолжиме да ги следиме случаите, да реагираме институционално и да информираме за исходите.

Укажуваме дека за новинарите и медиумските работници во Македонија, освен новинарска легитимација од медиумот за кој новинарите известуваат, не е потребна посебна акредитација од ДИК за присуство и известување на избирачките места. Затоа, избирачките одбори, полициски службеници, набљудувачи и/или други чинители немаат основ да ја условуваат нивната работа со дополнителни дозволи. Истовремено, ЗНМ повикува на почитување на изборниот ред: новинарите имаат право да снимаат општ амбиент и изјави, без нарушување на тајноста на гласањето и без оневозможување на текот на постапката“, велат од ЗНМ.

Од таму ги повикуваат избирачките одбори од сите изборни места да овозможат непречен влез на новинарските екипи со видлива новинарска легитимација; да дозволат снимање и изјави во просторот каде што тоа не се загрозува тајноста на гласањето; при недоразбирања, прво да побараат насоки од ОИК/ДИК, наместо да го ограничат пристапот.

„Ги охрабруваме и новинарите, фоторепортерите и снимателите: секогаш да ја носат новинарската легитимација и да се претстават доколку тоа е побарано; да ги почитуваат насоките на одборот, кога истите се однесуваат на тајноста на гласањето; при какво било попречување, веднаш да го евидентираат случајот (време, место, избирачко место, лица) и да се обратат до ЗНМ.

За правна и практична помош, новинарите, снимателите и фоторепортерите можат да се обратат до регионалните координатори на ЗНМ во Штип, Струмица, Битола, Охрид, Тетово и Куманово, како и до контактите на ЗНМ во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници
Вести

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона
Вести

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство
Вести

Аргентина под истрага по масовната тепачка по финалето на Светското првенство

22/07/2026
Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени
Вести

Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

22/07/2026
Следна вест
Насилник од Штипско го нападнал целото семејство на сопругата, имал и нож

Не се работело за претседател на избирачки одбор, уапсените во Чаир лажно се претставувале како набљудувачи на изборниот процес

Најнови вести

Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство

Аргентина под истрага по масовната тепачка по финалето на Светското првенство

22/07/2026
Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.