Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, соопшти дека и во вториот мандат се откажува од користење на службено возило и средства за репрезентација. Посочи дека личните привилегии никогаш не му биле мотив во работата.
Како и во претходните четири години, и понатаму службените обврски ќе ги извршува со свое приватно возило, а службеното го остава на располагање на администрацијата за поефикасна работа на терен.
Стефковски нагласи дека додека тој ја води општината, во буџетот нема место за непотребни трошоци и дека средствата мора да се трошат одговорно и исклучиво во интерес на граѓаните и развојот на Гази Баба.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












