СВР Штип поднесе кривична пријава против 43-годишниот М.Е. од Штип за кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 24 септември 2025 во селото Љуботен, пријавениот запалил оган во дворот од својата куќа и си заминал без да го изгаси. Подоцна огнот повторно се разгорел и зафатил две подрумски соби од неговата куќа, делови од две соседни куќи, гаража, како и околу пет хектари ниска вегетација, шума и сува трева.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












