Машинскиот извршен персонал во Македонски железници денеска од 13 часот започна бојкот на работата. Работниците се присутни на своите работни места, но одбиваат да ги извршуваат редовните работни задачи.
Бојкотот веднаш предизвика прекин во патничкиот сообраќај. Возот за Битола не тргна по возниот ред, а откажан е и најавениот воз за Гевгелија.
Од Синдикатот на машиновозачи појаснуваат дека бојкотот може да продолжи и наредните денови, бидејќи, како што велат, раководството на претпријатието не покажува слух за нивните барања. Од синдикатот очекуваат повик на состанок и почеток на конструктивни преговори.
Вработените во железницата, вкупно 603 лица, од кои 46 активни машиновозачи, ги истакнуваат следните клучни барања:
Исплата на прекувремените часови.
Исплата на бонус плата за работниците кои имаат над 150 прекувремени часови.
Покачување на коефициентот за 0.80 поради растот на животните трошоци.
Исплата на 10 проценти од платата при вонредно повикување на работа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












