• Импресум
Saturday, July 25, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Сиљановска-Давкова: Да се заострат казните за семејното насилство и фемицидот

01/12/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Сиљановска-Давкова: Ние да им се посветиме на реформите, а ЕУ да покаже јасна стратегија за македонското членство

Покрај формалната, неопходна е и реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција, организирана од собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Таа истакна дека Извештајот на Државниот завод за ревизија прецизно ги прикажува состојбите на терен и укажува на сериозни системски недостатоци во примената на Конвенцијата.

Меѓу клучните препораки што ги посочи се итно донесување на Националната стратегија 2026–2033, проширување на мрежата на засолништа, обезбедување долгорочна финансиска поддршка за жртвите, воведување стандарди во услугите што ги нудат центрите за социјална работа и вработување стручен кадар со континуирана обука. Таа побара и побрзо лиценцирање на СОС-линиите, како и програми за психосоцијален третман не само за жртвите, туку и за сторителите.

Сиљановска-Давкова укажа дека е неопходно воведување јасни критериуми за распределба на финансиските средства, врз основа на претходна анализа на трошоците. Таа нагласи дека мора да се заостри казнената политика во однос на семејното насилство и фемицидот.

Според неа, жените често остануваат незаштитени во критични моменти поради дисфункционалност и некоординираност меѓу институциите. Како последица, бројот на случаи на фемицид расте, довербата во институциите опаѓа, а државата го нарушува својот кредибилитет во исполнувањето на меѓународните обврски.

Учесниците во јавната расправа, повикувајќи се и на статистичките податоци на МВР, се заложија за системски промени насочени кон превенција на семејното насилство и ефикасен одговор на кривичните дела поврзани со насилството.

На седницата се обратија претседателката на Комисијата Жаклина Пешевска, потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и помошничката на главниот државен ревизор Катерина Чалоска Алексовска. Во дискусијата учествуваа претставници од национални и локални институции, граѓански организации и меѓународни тела.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче
Вести

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

24/07/2026
Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија
Вести

Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

24/07/2026
Нетанјаху: Израел нема да прифати прекин на огнот, ова е време за војна
Вести

Трамп ќе го пречека Нетанијаху на средба во Вашингтон

24/07/2026
Ѓорѓиевски: Ќе го откриеме причинителот на белата пена во Вардар
Вести

Ѓорѓиевски: Ќе го откриеме причинителот на белата пена во Вардар

24/07/2026
Седници на три собраниски комисии
Вести

Со 67 гласа „за“ Собранието го изгласа новиот министер без ресор

24/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии
Вести

Новата влада во Будимпешта ќе истражува можни злоупотреби со заемот за Македонија

24/07/2026
Следна вест
ИЈЗ: Водата во „Димо Хаџи Димов“ без тешки метали, но норовирус кај шест деца

Во Карпош не се најдени патогени бактерии, освен во „Димо Хаџи Димов“

Најнови вести

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

Жена од Македонија приведена во Црна Гора поради смрт на куче

24/07/2026
Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

Македонските кошаркари до 18 години немоќни против Грузија

24/07/2026
Нетанјаху: Израел нема да прифати прекин на огнот, ова е време за војна

Трамп ќе го пречека Нетанијаху на средба во Вашингтон

24/07/2026
Ѓорѓиевски: Ќе го откриеме причинителот на белата пена во Вардар

Ѓорѓиевски: Ќе го откриеме причинителот на белата пена во Вардар

24/07/2026
Седници на три собраниски комисии

Со 67 гласа „за“ Собранието го изгласа новиот министер без ресор

24/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии

Новата влада во Будимпешта ќе истражува можни злоупотреби со заемот за Македонија

24/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.