Нискотарифниот авио-превозник „Изиџет“ најави воведување сезонски авиолинии од турскиот град Бодрум кон Скопје и Сараево, почнувајќи од следната година, објави специјализираниот портал „Екс ју авиејшн“.
Летот кон македонската престолнина ќе биде воспоставен на 2 јули и ќе се реализира еднаш неделно, секој четврток. Авиорелацијата со Сараево ќе започне на 28 јуни и ќе се изведува секоја недела.
Во минатото, „Изиџет“ овие дестинации ги поврзуваше во соработка со „Анадолуџет“. Летовите кон Скопје биле активни во периодот од 2022 до 2024 година, додека линијата до Сараево функционирала меѓу 2011 и 2014 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












