Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, новата 2026 година ја дочека меѓу граѓаните на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Центарот на градот беше исполнет со празнична атмосфера, музика и илјадници посетители кои заедно ја одбележаа новогодишната ноќ.
Премиерот преку објава на социјалните мрежи упати честитка до јавноста, посакувајќи здравје, меѓусебно разбирање и лични и заеднички успеси, со акцент на заедништвото и позитивниот дух како основа за годината што започнува.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија ја дочекавме Новата година. Посакувам добро здравје, разбирање и успеси за секој човек во Македонија. Среќна Нова година“, порача Мицкоски.
На новогодишниот дочек, премиерот беше во придружба на шефот на Кабинетот, Владимир Нелоски, како и на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски. Заедно со присутните граѓани, тие ја испратија пораката на оптимизам и надеж за 2026 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












