чера околу 14:45 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода А.А. (45) и Ј.Д. (36), двајцата жители на Кичево, поради сомнение за тешко кривично дело со употреба на нож.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил околу 13:30 часот кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на селото Трапчин Дол. По претходна вербална расправија, осомничените со нож го нападнале Б.А. (38) од Кичево и му нанеле повеќе убодни рани.
Повредениот најпрвин бил згрижен во болницата во Кичево, но поради сериозноста на повредите бил итно пренесен на понатамошно лекување во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
Случајот е целосно документиран и против осомничените ќе следува соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












