Македонската ракометна репрезентација со победа ја заврши серијата контролни натпревари пред настапот на Европското првенство. Во последната проверка пред стартот на шампионатот, избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа подобри од данскиот прволигаш Митјиланд, совладувајќи го со убедливи 36:27, по полувреме 14:13.
Ова беше финален тест за формата на националниот тим, кој во претходните контролни дуели забележа пораз од Хрватска, победи над Бахреин и Украина, како и нерешен резултат против Швајцарија.
Европското првенство во ракомет започнува на 15 јануари и ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Македонската селекција првиот натпревар ќе го одигра во петок од 20:30 часот против еден од главните фаворити за титулата и еден од домаќините на турнирот – репрезентацијата на Данска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












