• Импресум
Monday, June 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

АВМУ ги повика креаторите на содржини на задолжителна регистрација

16/01/2026
Време за читање: 1 минути
A A
АВМУ со остра реакција до Ковачевски: Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите

Од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги информираат инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини и јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, дека со измените на медиумската законска регулатива во 2023 година тие подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во Агенцијата.

Како што се наведува во денешното соопштение, со измените на медиумската легислатива од јули 2023 година, за првпат официјално се препознаени постоењето и влијанието на овие субјекти, кои сега се опфатени со законска рамка и се должни да се евидентираат во регистарот на АВМУ.

Обврската за регистрација се однесува на оние инфлуенсери, влогери, креатори на содржини и јутјубери кои ги обезбедуваат своите аудиовизуелни услуги преку платформи за споделување видеа, како што се Јутјуб, Инстаграм, Тик-ток и слични платформи, имаат повеќе од 10.000 следбеници или претплатници, остваруваат економски интерес од својата активност и во изминатите 12 месеци имаат објавено најмалку 24 аудиовизуелни содржини. Дополнително, содржините треба да имаат за цел информирање, едукација или забава, при што давателите имаат уредничка одговорност за објавеното.

Критериумите се подетално разработени во правилникот на Агенцијата, со кој се уредуваат формата и содржината на пријавата за евидентирање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.

Со оглед дека станува збор за законска обврска, од Агенцијата ги повикуваат сите субјекти кои ги исполнуваат наведените услови, во најкраток можен рок да достават пријава за евидентирање.

Сите релевантни документи поврзани со обврските и работењето на инфлуенсерите и креаторите на содржини се достапни на веб-страницата на АВМУ, во посебниот банер „Инфлуенсери/Влогери“, а за дополнителни информации може да се обратат и на електронската адреса influenseri@avmu.mk.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вести

Силна бура ја погоди јужна Германија, гром повреди десет лица

22/06/2026
Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ
Вести

Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ

22/06/2026
Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран
Вести

Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран

22/06/2026
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи
Вести

Уште четири лица опфатени со истрагата за Фудбалската федерација на Македонија

22/06/2026
Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца
Вести

Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца

22/06/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Полицијата приведе 20 возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци

22/06/2026
Следна вест
Лазаров: Данска е врвна селекција, ние извлекуваме поуки

Лазаров: Данска е врвна селекција, ние извлекуваме поуки

Најнови вести

Силна бура ја погоди јужна Германија, гром повреди десет лица

22/06/2026
Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ

Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ

22/06/2026
Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран

Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран

22/06/2026
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи

Уште четири лица опфатени со истрагата за Фудбалската федерација на Македонија

22/06/2026
Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца

Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца

22/06/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Полицијата приведе 20 возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.