Четириесет и осумгодишна жителка на Скопје пријавила дека била физички нападната на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар.
Според информациите од полицискиот билтен, вчера во 22:40 часот во СВР Скопје, М.Е. (48) од Скопје пријавила дека инцидентот се случил околу 18:30 часот, кога по претходно недоразбирање околу паркинг место била физички нападната од друго женско лице.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












