Авион на авиокомпанијата „Визер“ (Wizz Air), кој утрово сообраќал на релација Скопје – Париз, бил принудно пренасочен и слетал на аеродромот Шарлоа во Брисел, откако екипажот прогласил вонредна состојба поради влошена здравствена состојба на патник.
Според медиумските извештаи, додека авионот се наоѓал во воздушниот простор над Луксембург, пилотите побарале итно слетување на најблискиот аеродром за да може на патникот да му биде укажана медицинска помош.
Според податоците од Flight RouteXplorer, вонредната состојба била прогласена околу два часа по полетувањето. Станува збор за летот W64719, реализиран со авион од типот „Airbus A321neo“.
Платформата „Flightradar24“ исто така покажува дека авионот, наместо во Париз, слетал во Брисел.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












