Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0.
Со сигурен и убедлив настап низ турнирот, македонскиот репрезентативец покажа одлична форма и најави успешна сезона, со очекувања за добри резултати и во сениорска конкуренција.
Уште еден медал за Македонија на ова првенство освои Немања Младеновиќ, кој стигна до сребреното одличје. Тој во финалето во кадетската категорија над 70 килограми беше поразен од Омар Ѓоргичијани од Грузија со 4-2.
На Европското првенство учествуваат 1.205 натпреварувачи од 47 држави, што го прави едно од најмасовните карате-натпреварувања во Европа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












