• Импресум
Friday, July 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Синдикатите ги блокираат институциите: Бараат 600 евра минимална плата

10/02/2026
A A
Првомајски протест на ССМ под мотото „Работниците се државата“

Сојузот на синдикати на Македонија денеска во 9 часот ќе го блокира пристапот до Собранието, со што ќе започнат блокади на институции за кои од ССМ велат дека го кочат зголемувањето на минималната плата. Предвидено е да бидат блокирани улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај зградата на законодавниот дом.

Од ССМ порачуваат дека со блокадата сакаат да испратат јасна порака до пратениците, кои според нив повеќе од една година го блокираат законот за зголемување на минималната плата, како и иницијативата за намалување на функционерските плати.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека пратениците и понатаму не ја прифаќаат иницијативата за зголемување на минималната плата и на останатите плати за 100 евра, како и предлогот функционерските плати да се намалат за 80 проценти, односно основицата за нивна пресметка да се намали од просечна на минимална плата.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, најави дека работата на законодавниот дом ќе продолжи и покрај протестот. Тој изрази очекување дека протестот ќе помине мирно и дека нема да има дополнително обезбедување, бидејќи МВР ќе постапува според редовните безбедносни протоколи.

Гаши очекува да бидат блокирани само влезовите за возила, додавајќи дека пратениците ќе можат да дојдат на работа пеш. Во однос на барањата за минимална плата од 600 евра и линеарно зголемување на останатите плати за 6.000 денари, тој рече дека секоја политичка партија ќе заземе сопствен став.

Премиерот Христијан Мицкоски повтори дека минималната плата ќе се зголеми согласно законските решенија, но дека Владата не го прифаќа предлогот државата привремено да ги финансира придонесите на работодавачите. Тој посочи дека Владата ќе поддржи договор меѓу работодавачите и работниците, но предупреди дека во Буџетот нема средства за дополнителни обврски. Мицкоски најави и корекција на коефициентите за платите на функционерите до крајот на февруари.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, изјави дека прашањето за минималната плата е чувствително и дека решенијата не треба да се носат под притисок. Тој информира дека се очекуваат податоците од Државниот завод за статистика и дека во март ќе има законско усогласување на платите од 1.500 до 2.000 денари.

Дурмиши додаде дека дијалогот за платите во јавниот сектор е заокружен, откако Владата постигна договор со дел од репрезентативните синдикати за зголемување на платите на околу 11.000 административни работници, по претходните договори во здравството, образованието, одбраната и полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Половина Скопје утре без струја
Вести

Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

17/07/2026
Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип
Вести

Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

17/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

Летните температури продолжуваат, попладне локална нестабилност

17/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Нови американски правила: Студентските визи ќе важат најмногу четири години

17/07/2026
Осудени лица ангажирани во акција за почисти патишта низ државата
Вести

Осудени лица ангажирани во акција за почисти патишта низ државата

16/07/2026
ФБИ заплени повеќе од 700 дронови за време на Светското првенство
Вести

ФБИ заплени повеќе од 700 дронови за време на Светското првенство

16/07/2026
Следна вест
Облачно со слаб ветер

Денес облачно време со слаб дожд и ветер

Најнови вести

Половина Скопје утре без струја

Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

17/07/2026
Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

17/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

Летните температури продолжуваат, попладне локална нестабилност

17/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нови американски правила: Студентските визи ќе важат најмногу четири години

17/07/2026
Осудени лица ангажирани во акција за почисти патишта низ државата

Осудени лица ангажирани во акција за почисти патишта низ државата

16/07/2026
ФБИ заплени повеќе од 700 дронови за време на Светското првенство

ФБИ заплени повеќе од 700 дронови за време на Светското првенство

16/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.