Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска низ Македонија. Во попладневните часови во одделни подрачја ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со краткотраен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе биде поизразен во одделни региони.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












