Нестабилна воздушна маса попладнево и вечерва донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во повеќе региони низ Македонија. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, облачноста се движи од север кон југ и југоисток, при што невремето зафати повеќе градови и планински подрачја.
Првите врнежи биле регистрирани во Кичево, каде попладне имало пороен дожд проследен со грмежи. Набргу потоа нестабилноста се проширила во планинските предели северозападно од Скопје, во Полошкиот регион, Овче Поле и западно од Струга.
Според УХМР, силно невреме со дожд, грмежи и засилен ветер било забележано и северно од Штип, како и во Гостивар и Македонски Брод, а облачноста продолжила да се движи кон југ.
Во вечерните часови невремето останало активно во Гостивар и северниот дел на Македонски Брод, по што се придвижило кон југоисточните делови на земјата.
Истовремено, нова нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи се приближувала од северозапад кон Кичево и Гевгелија. Слаб до умерен дожд бил регистриран и во Скопје, Охрид, Ресен, Македонски Брод и во северозападните региони.
Според последните информации од УХМР, невремето подоцна зафатило и Прилеп, Крушево, Гевгелија, Македонски Брод и Ресен.
Метеоролозите предупредуваат дека нестабилното време ќе продолжи и во текот на ноќта, со можност за локално поинтензивни врнежи, грмежи и засилен ветер во повеќе делови од земјата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












