Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива во зимски услови по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од село Лисец кон Попова Шапка, каде снегот е задржан на коловозот. Слаб снег паѓа и на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, но не се задржува на патот.
Намалена видливост поради магла има на неколку планински премини — на Плетвар до 30 метри, на Ѓавато до 100 метри и на превојот кон Крушево до околу 40 метри.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Како покритични се посочуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












