Попладнево се играат уште два натпревари од 18-то коло во Прва македонска фудбалска лига, со дерби пресметка во Струга и дуел на лидерот во Скопје.
Во Струга, третопласираната Струга Трим Лум го пречекува четвртопласираниот Силекс во меч што може да има големо влијание врз врвот на табелата. Стружани во минатото коло загубија на гостувањето кај шампионот Шкендија, додека кратовци ремизираа без голови против Башкими. Со оглед на тоа што сакаат да го задржат чекорот со водечките екипи, и за двата тима денешните три бода се од исклучителна важност.
Натпреварот во Струга започнува во 14 часот.
Еден час порано, од 13 часот, лидерот на табелата Вардар ќе го пречека Работнички. Вардар важи за апсолутен фаворит во дуелот со претпоследнопласираниот Работнички, кој се бори за опстанок во елитата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












