Лидерот на табелата, Вардар, продолжува со сигурни настапи во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево на гостински терен славеше убедлива победа од 3:0 против Работнички.
За „црвено-црните“ ова беше 15-та победа сезонава во 18 одиграни натпревари, со што дополнително ја зацврстија лидерската позиција на табелата.
Во вториот денешен натпревар од 18-тото коло, Струга Трим Лум на домашен терен беше поразена од Силекс со 2:3. Домашниот тим двапати имаше водство, но гостите успеаја да направат пресврт и да стигнат до значајни три бода.
По одиграните натпревари, врвот на табелата го предводи Вардар со 48 бода од 18 натпревари, пред Шкендија со 42 и Струга со 41 бод. Следуваат Силекс со 35, Башкими со 23, Арсими со 22, Тиквеш со 21, Брера со 20, Пелистер со 19, Македонија ЃП со 16, Работнички со 7 и Шкупи со 1 бод.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












