Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство уништиле 1.010 килограми небезбедна „здрава храна“ кај 14 оператори, во рамки на 373 контроли спроведени неделава кај објекти за производство и промет со здрава храна.
Со контролите било утврдено дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За констатираните неправилности биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни во вкупна вредност од 20.550 евра.
Според соопштението, кај девет оператори биле утврдени незадоволителни хигиенски и технички услови, кај седум била пронајдена храна со поминат рок на употреба, а кај двајца и храна со непознато потекло. Несоодветно означување на производите било утврдено кај 18 оператори, додека кај 23 вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед.
Дополнително, кај двајца оператори немало воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, а кај исто толку не била спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












