Лицата кои работеле во странство нема да платат данок во Македонија доколку докажат дека компанијата преку која биле ангажирани веќе платила данок во земјата каде што работеле, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за известувањата од Управа за јавни приходи.
Тој нагласи дека не станува збор за ретроактивен данок, туку за закон донесен од претходната влада, а УЈП постапувала согласно законските рокови за да не настапи застарување на обврските.
– УЈП само ги известила лицата дека треба во одреден рок да ја подмират обврската. Донесовме заклучок тие да достават доказ дека данокот е платен во странство и во тој случај УЈП нема да го наплати истиот данок, изјави Мицкоски.
Премиерот денеска, заедно со министерот за транспорт Александар Николоски, заменик-амбасадорката на САД Никол Варнс и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, изврши увид во работите на автопатот Гостивар – Букојчани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












