Министерот за транспорт, Александар Николоски, изјави дека е во постојана комуникација со транспортните компании и дека македонските превозници, дури и со повисоки цени на горивата, имаат предност над своите европски колеги.
„Нашиот транспортен сектор има предности поради ниските даноци и релативно ниските придонеси. Разговарав со компании и ми кажаа дека превозот направен од нивни европски колеги би чинел 300 до 350 проценти поскапо. Нашите транспортери имаат значајни предности и во однос на цени за осигурување и регистрација“, рече Николоски.
Според него, значајно поевтиниот транспорт што го нудат македонските превозници е една од причините за нивниот конкурентен статус во Шенген зоната.
Николоски изјавата ја даде додека присуствуваше на панел дискусијата „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“, одговарајќи и на новинарски прашања.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












