Македонија и денеска ќе биде под влијание на сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат меѓу 31 и 38 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 19 до максимални 37 степени.
Според прогнозата, и во наредните денови ќе преовладува сончево и многу топло време. Попладне на одделни места ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено високи температури се очекуваат до недела, кога во целата земја дневните вредности ќе останат над 30 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












