• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Цените на нафтата нагло скокнаа поради кризата на Блискиот Исток

06/03/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Ескалацијата во Иран ги тресе светските пазари на нафта

Цените на нафтата повторно бележат нагло зголемување на светските берзи, откако ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток сериозно ги наруши глобалните енергетски текови.

Цената на суровата нафта Брент порасна за повеќе од седум проценти и достигна околу 91 долар за барел, што е највисоко ниво од април 2024 година. Во исто време, американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) скокна за повеќе од 10 проценти и се искачи на околу 89 долари за барел, покажуваат податоците на „Трејдинг Економикс“.

Министерот за енергетика на Катар, Саад ал-Каби, предупреди дека извозниците од земјите од Персискиот Залив би можеле да го запрат производството во рок од неколку дена доколку танкерите не можат безбедно да поминуваат низ Ормутскиот теснец.

Ормутскиот теснец претставува една од најважните енергетски рути во светот, преку која секојдневно се транспортираат околу 20 милиони барели нафта и нафтени деривати.

Во меѓувреме, тензиите во регионот остануваат високи откако иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Иран не бара преговори.

САД сигнализираа можни мерки за намалување на притисокот врз пазарот, меѓу кои и потенцијално ослободување на нафта од стратешките резерви. Во исто време, на Индија привремено ѝ е дозволено да купи дел од руската сурова нафта што веќе е на море.

Паралелно со тоа, Саудиска Арабија ги зголеми цените на нафтата за азиските купувачи и ги пренасочи дел од пратките преку пристаништата на Црвеното Море со цел да се заобиколи Ормутскиот теснец.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасен холандски турист во Охрид, однесен во болница со скршеница на нога
Вести

Охрид на чекор од „црвената листа“ на УНЕСКО поради дивоградби и загадување

16/07/2026
По мечот постојат милиони „тренери“ и сите знаат подобро, кажа Тухел по елиминацијата на Англија
Спорт

По мечот постојат милиони „тренери“ и сите знаат подобро, кажа Тухел по елиминацијата на Англија

16/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Планирани прекини: Еве каде нема да има струја и вода

16/07/2026
Седници на три собраниски комисии
Вести

Законите за високото образование и студентскиот стандард пред Собранието

16/07/2026
Македонскиот амбасадор во Албанија утре на средба ќе му поднесе извештај на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за контроверзниот попис што македонската заедница го отфрли како демографски инженеринг преку надворешно влијание
Вести

Над шеесет држави на безбедносен самит во САД, присуствува и Муцунски

16/07/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени
Вести

Сончево и многу топло, попладне можна локална нестабилност

16/07/2026
Следна вест
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени

Температурите во пораст, од вторник стабилно време

Најнови вести

Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.