Женската ракометна репрезентација на Македонија оствари важна победа од 33:28 против Белгија во квалификациите и направи голем чекор кон освојување на третото место во групата, кое остава надеж за пласман на Европско првенство во ракомет за жени.
Гостинките подобро го отворија натпреварот и поведоа со 0:2 и 1:3, но македонските ракометарки брзо ја презедоа контролата. Со серија добри напади успеаја резултатски да се вратат и да создадат предност што ја задржаа до самиот крај на средбата.
Со оваа победа Македонија го надомести минималниот пораз од 26:25 на првиот натпревар во Белгија и сега има подобар меѓусебен скор од белгиската селекција.
Најефикасна во македонскиот состав беше Марија Јанкуловска со осум постигнати голови. По шест погодоци додадоа Младеновска, Кипријановска и Стефаноска.
Во битката за место на Европското првенство, како едни од четирите најдобри третопласирани селекции ќе се пресметуваат само резултатите против репрезентациите што ќе завршат на првите две позиции во групата. Затоа клучни ќе бидат натпреварите против Германија и Словенија следниот месец, каде македонските ракометарки ќе се обидат да освојат бодови или да загубат со што е можно помала разлика.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












