Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го загубија последниот натпревар од сезоната во АБА 2 лига, откако на гостувањето беа поразени од Широки Бријег по две продолженија со 111:109.
Поразот значи дека „металците“ ја завршија сезоната со скор од четири победи и четири порази, што беше доволно за деветтото место на табелата.
Македонскиот тим имаше слаб втор период, по кој домаќинот на полувремето водеше со 54:40. Во последната четвртина МЗТ Скопје Аеродром успеа да се врати во игра и да дојде до водство, но во неизвесна завршница натпреварот заврши нерешено 92:92.
Ниту првото продолжение не донесе победник, па победата беше решена дури по второто продолжение, кога Широки Бријег стигна до триумф од 111:109.
Со овој резултат, Широки Бријег го освои првото место во натпреварувањето со учинок од седум победи и еден пораз. МЗТ Скопје Аеродром ја заврши сезоната на 10-тото место и не успеа да обезбеди пласман во плеј-офот.
Другиот македонски претставник во АБА 2 лигата, ТФТ, обезбеди пласман во плеј-офот откако ја заврши сезоната на седмото место.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












