Израелските одбранбени сили рано утрово соопштија дека извршиле напади врз позиции на Хезболах во Либан.
Според информациите, нападите биле насочени кон инфраструктура на шиитското движење во јужните предградија на Бејрут, во областа позната како Дахија, која се смета за упориште на Хезболах.
Ескалацијата на тензиите следува откако движењето Хезболах пред околу една недела повторно започна со гранатирање кон Израел, како одговор на убиството на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи.
Според официјалните податоци од властите во Бејрут, засилените судири довеле до масовно раселување на населението, при што речиси 760.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












