Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека одржал средба со претставници на големите маркети во земјава, на која се разговарало за состојбата со цените на производите и можностите за нивно стабилизирање.
Според Мицкоски, Владата внимателно ја следи ситуацијата на пазарот и нема да дозволи појава на профитерство на штета на граѓаните. Тој нагласи дека државата нема да интервенира во пазарот без оправдана причина, но нема ниту да остане пасивна доколку се појави неоправдан притисок врз цените.
„Со претставниците на маркетите заеднички заклучивме дека цените на производите треба да бидат фер и дека не треба да има ново зголемување“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека надлежните институции и понатаму ќе ја следат состојбата на пазарот и ќе реагираат доколку се појави потреба од интервенција, нагласувајќи дека заштитата на интересите на граѓаните останува приоритет.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












